ВЕСТИ 

Државниот секретар за транспорт во посета на Халифата и поглавар на Ахмадија муслиманската заедница

Drzaven sekretar za transport 1

На 22 јули 2016 година, светскиот лидер на Ахмадија муслиманската заедница, петтиот Халифа, Неговата Светост, Хазрети Мирза Масроор Ахмад беше посетен од пратеникот Крис Грајлинг (Chris Grayling), новоизбраниот државен секретар за транспорт на Владата на Обединетото Кралство. Исто така, на состанокот во џамијата Baitul Futuh во југозападниот дел на Лондон присуствуваше Лордот Тарик Ахмад (Lord Tariq Ahmad) од Вимблдон,  под-државен секретар за транспорт и врски.

Drzaven sekretar za transport 2

За време на средбата, г-дин Грајлинг (Grayling) имаше можност да дискутира на различни прашања со Неговата Светост, вклучително и за иднината на Велика Британија во пресрет на неодамнешниот референдум во ЕУ.

Исто така, разговараа за заканата од тероризмот и екстремизмот, сегашната бегалска криза и разни други прашања.

Г-дин Грајлинг (Grayling), исто така, ја искористи можноста да го осуди прогонувањето на членовите на Ахмадија заедницата во Пакистан и во некои други земји.

Како одговор, Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

“Ние, членовите на Ахмадија заедницата, не се одмаздуваме, ниту пак прибегнуваме кон насилство во поглед на прогонот со кој се соочуваме. Со задоволство одговараме само со мир со оглед на тоа што не учи нашата религија, Исламот “.

Зборувајќи за иднината на Велика Британија и за нејзината прехранмбена безбедност, Неговата Светост препорачува на Британската влада да ги зголеми инвестициите во земјоделството.

Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

“Владата на Велика Британија треба да го развива сопственото земјоделство, така што помалку да зависи од другите народи. Ова е нешто што, исто така, ги охрабрува нашите членови на Ахмадија заедницата овде во Велика Британија. ”

Во однос на добротворните и хуманитарни активности на Ахмадија муслиманската заедница, Хазрети Мирза Масроор Ахмад вели:

“Ахмадија муслиманската заедница основаше многу хуманитарни проекти во различни земји. На пример, обезбедуваме чиста вода за пиење за луѓето кои живеат во најоддалечените делови од Африка, со инсталирање на нови пумпи за вода или обновување на постоечките. Секоја година стотици илјади фунти, исто така, одат на локалните добротворни проекти тука во Велика Британија “.

Државниот секретар понуди сочувство до Неговата Светост за пожарот во комплексот на џамијата Baitul Futuh во септември и се заблагодари на Неговата Светост за постојаниот позитивен придонес кон општеството од страна на Ахмадија муслиманската заедница.

Претходно, на државниот секретар му беше овозоможена приватна турнеја во џамијата, а тој ја слушаше и проповедта која е одржувана секој петок од страна на Хазрети Мирза Масроор Ахмад.

Поврзани вести