ВЕСТИ Хуманитарни акции во Македонија 

ДОНАЦИЈА НА ВОЗИЛА ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ЗА ОПШТИНА КУМАНОВО

Ахмадија Муслиманскиот Џемаат во Македонија и невладината организација „Humanity First “, денеска на општина Куманово и донираа специјално возило, кое е наменето за превоз на ученици со посебни потреби. Општината ќе ангажира професионални возачи кои ќе помогнат во превоз на овие учениците.

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски и преставникот на организацијата од Германија, Абдулах Вагусхаузер, денеска информираа дека претходно одржале средба во Германија каде што разговарале за можните донации за општината.

-Благодарни сме како општина за овој хуман гест. Особено сум импресиониран како функционира волонетризмот преку оваа организација со која се помага на локалните заедници, изјави Градоначалникот Димитриевски.

Вагусхаузер истакна дека нивната организација е една од најстарите муслимански организации во Германија и дел од нивното крило „Humanity First “, се залага за помош на луѓето со посебни потреби. Тој рече дека е импресиониран од општината и од градоначалникот кои се залагаат да се задоволат потребите на различните категории граѓани.

-Се надевам дека соработката ќе продолжи и понатаму, изјави Вагусхаузер.

Поврзани вести