Uncategorized 

ДОКАЗИ НА ВИСТИНАТА

На седми јули 2017 година, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов Помошник) одржа хутба во Баит-ул Футух џамијата во Лондон.

Хузур, нека Аллах биде негов Помошник, рече:

„Кога ја посматраме историја на пратениците, можеме да забележиме дека се соочувале со спротивставување на нивните желби. Огнот на противењето и љубомората се зголемувал со растот на нивните заедници. Бидејќи пратениците ги испраќал Возвишениот Аллах џ.ш., и бидејќи Он им давал вести за победата, противењето никогаш не станало препрека кон нивниот успех. Кога Возвишениот Аллах џ.ш. го пратил Ветениот Месија а.с. како Месија и Мехди, и со него се однесувал согласно на оваа пракса (на Бог), Возвишениот Аллах џ.ш. го известил однапред за разните облици на противење и за бедниот крај на противниците. Бог исто така го известил за напредокот на неговата заедница и наспроти противењето од други.

Возвишениот Аллах џ.ш. обзнанил многу објави и една од нив е следната:

        „Јас ќе ја зголемам твојата вистина и искрените пријатели.“

Потоа следува следната објава:

        „Јас сум со тебе во твоите најдраги.“

Потоа Возвишениот Аллах џ.ш. вели:

        „Ќе ти помогнат такви пријатели кои Ние ги инспириравме.“

Потоа рекол:

        „Јас ќе ти подарам чест.“

Потоа, следната објава гласи:

        „Аллах ќе ти помогне.“

Хузур, нека Аллах биде Негов Помошник, раскажа, од верата  инспирирани случки, кои се однесуваат на оваа работа.

Хузур, нека Аллах биде Негов Помошник, рече дека овие случки воедно станале поттик и средство за зголемување на верата на Ахмади муслиманите, како и знак на другите за вистинитоста на Ахмадијатот.

Назир Да‘ват ИлАллах (директор за проповед) во Кадијана напишал дека еден од неговите маулви (учители) пред Рамазан отишол до своето село за да ги извести роднините за времето на Рамазан. Едно момче, Икбал, кое не било Ахмад дошол ви куќата на роднините. Маулами сахиб се претставил зборувајќи: „Јас сум маулви на Ахмади заедница.“ Откако го слушнал ова момчето станало многу налутено и почнало да употребува лоши и насилни зборови кон Ветениот Месија а.с. и кон Ахмадијатот.

Маулви сахиб кажал дека тие на навредите одговарале со молитва. Но другиот кажал дека ако некогаш го види во селото ќе се соочи со зол крај. Маулви сахиб одговорил дека само времето ќе каже кој од нив двајцата ќе се соочи со зол крај. Подоцна Маулви Икбал, кој вербално го навредувал Џемаатот, починал од инфаркт.

Оваа случка не само што ја зголемила верата на членовите на Џемаатот во тоа мало село, туку исто така на големо влијаела на оние кои не биле Ахмади затоа што ја виделе оваа поддршка на Аллах џ.ш. за Ветениот Месија а.с..

Ганим сахиб од Јемен пишува:

„Откако станав Ахмад, правев таблигх. Во месец Раамзан, во 2010 година, мојот сосед и неколку негови пријатели ме однесоа на разговор кај Шеикх (зналец) во Џамиат-ул Иман. Шеикх се однесуваше со почит но не и останатите кои дури ме предизвикаа на двобој со молитви. Го прифатив предизвикот. Така, момчињата се обидоа да ме застрашат и да ме спречат во пренесувањето на пораката. Јас молев: ’О Аллах, покажи им ја Својата моќ‘. Потоа кажал: ’По еден или два дена овие момчиња почнаа да се караат меѓу себе и во рок од месец дена си заминаа. Нивната џамија поради бомбардирањето стана руина‘.“

Мисионерот сахиб од Брегот на Слоновата коска, пишува како отишол со локален мисионер во село поради таблигх (пренесување на пораката) и ги известил за доаѓањето на Ветениот Месија а.с. и Мехди. На почеток 15 луѓе го прифатиле Ахмадијатот, вклучувајќи го и Имамот на селото. Наспроти противењето, заедницата напредувала. Потоа тие што не биле Ахмади отишле кај кралот на тоа место. Кралот го повикал претседателот на локалниот Џемаат и му рекол да го напушти Ахмадијатот или тој ќе ги исфрли Ахмади муслиманите од земјата. Садр сахиб одговорил дека ќе го напуштат селото но никогаш нема да го напуштат Ахмадијатот. Потоа кралот доживеал длабока промена во срцето и донел одлука да останат и да го прават тоа што им одговара.

Мисионерот од Бенин пишува дека тие неделно извршуваат таблигх (ширење на пораката) преку радио програма. Директорот на овој радио канал почнал да им се спротивставува. Аллах џ.ш. завршил работа така што тој добил отказ поради корупција. Ние во мисионерската куќа го повикавме  новоизбраниот директор и тој беше известен за учењето на исламот и за учењето на Ахмадијатот. По извесно време овој директор не повика и ни кажа дека ќе ни дозволи еднаш неделно да имаме бесплатна програма.

Ахамд сахиб од Египет рекол дека кога извршувал истихар намаз во сонот ја видел куќата на Ветениот Месија а.с., Дар-ул-Масих.

Ахмад дервиш сахиб од Сирија кажува:

„Иако бев муслиман не бев многу религиозен. Во 2008 година мојот брат го прифати Ахмадијатот. Почнав да ги читам нивните книги до таа мера што во срцето го прифатив Ахамдијатот. Пред тоа јас бев во група која се спротивставуваше на сириската влада. Меѓутоа, по мојата одлука да го прифатам Ахамдијатот, ги слушав хутбите на Халифа-тул Месих кои се однесуваа на овој предмет и се исклучив од активностите против владата.“

Еден Мароканец, Абдул Карим сахиб, кажува:

„Откако истражив дојдов до заклучок дека Ахмадија муслиманската заедница е дадена од Бог. По читањето на книгата Минхај-ул-Талибеен повеќе немав сомнежи кои би ме спречувале да го дадам заветот на баи‘атот и јас бев подготвен баи‘атот да го дадам со потполно задоволно срце.“

Една жена од Јемен, Иман сахиба кажува:

„Уште од детството јас копнеев да живеам на времето на Имам Мехди и правев дови за тоа. Во 2009 година мојот помлад брат ми кажа дека на ТВ на еден канал видел како некои луѓе прогласуваат дека дошол Имам Мехди. Почнав да ја гледам МТА и откако го пронајдов задоволувачкиот одговор во поглед на сите прашања кои ги имав, напишав дека сакам да го дадам баи‘ат во јануари во 2010 година.“

Еден друг господин од Јемен вели:

„Јас бев член на различни заедници но никогаш не го најдов вистинскиот ислам. Откако почнав на МТА да ги гледам објаснувањата за исламот, забележав промена во својата состојба. Во текот на тие денови се видов самиот себе во визија. Ги увидев грешките на својот пат и семоќниот Аллах џ.ш. ми подари прилика да дадам баи‘ат (завет на верноста) во 2012 година.“

Хузур а.т.б.а. рече:

Така, наспроти сите шејтански напади на нашите противници, Семоќниот Бог поединците со чиста природа ги упатува отворајќи им ги срцата и оспособувајќи ги за прифаќање на Ахамдијатот. Семоќниот Аллах џ.ш. го известил Ветениот Месија а.с:

        „Семоќниот Бог ќе го воздигне твоето име сè додека овој свет      постои и ќе ја рашири твојата порака до сите краишта на светот.“

Семоќниот Бог рекол:

        „Оние луѓе кои тргнат тебе да те понизат и имаат намера да го     видат твојот неуспех, покрај тоа сакаат да те уништат, самите ќе    бидат уништени. Тие ќе умрат со бедна смрт и со смртта на       поразот.“

Потоа Семоќниот Бог рекол:

        „Јас ќе ти дадам следбеници кои се вистински и кои од         длабочината на срцето искрени кон тебе. Јас ќе го зголемам        бројот на твоите следбеници и ќе го благословам нивниот имот.         Јас ќе им подарам спас на мнозинство од нив и ќе им подарам    победа над другите муслимански секти сè до Судниот ден.“

Значи, сите други секти во исламот ќе продолжат да постојат, но, ако даде Бог, Ахмадија заедницата ќе постигне надмоќ над сите нив.“

Семоќниот Бог понатаму кажал:

        „На непријателите меѓу другите исламски секти кои сакаат да       грабаат Семоќниот Бог нема да им опрости и да премине (преку        тоа што го прават).“

Тоа значи дека Он на верниците ќе им даде награда согласно на степенот на нивната искреност.

Хузур а.т.б.а. рече:

„Јас ќе ви прочитам дел од пишувањата на Ветениот Месија а.с. каде што тој вели:

’Дали тие (нашите противници) веруваат дека преку своите планови, неосновани оптужби и измислици, или преку исмејувањето ќе ја попречат Божјата волја да не успее, или преку измама светот да го лишат од примањето на нејзините благослови? Семоќниот Бог ова го одредил на небесата. Ако во минатото противниците на вистината  имале некаков успех, тогаш тие можеби и ќе успеат. Меѓутоа, ако е факт дека Божјите противници кои се спротивставувале на Неговата Божја одредба секогаш доживувале понижување и пораз, тогаш за таквите луѓе е одреден ден за нивниот пад. Божјата одредба никогаш не била залудна ниту некогаш во иднина тоа ќе биде.‘

Семоќниот Бог вели:

        ’Навистина Јас и Моите пратеници ќе превладаме.‘

Затоа, бидејќи јас сум Неговиот пратеник и избраник без новиот Шеријат, или тврдење или името – всушност, ми е дадено името на нашиот Чесен Пратеник, Печат на Пратеништвото с.а.в.с. и дојдов како неговиот одраз – затоа ви јас велам: токму како што овој ајет се покажал вистинит во минатото, т.е. од времето на пратеникот Адем а.с. до Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., затоа тоа ќе се докаже вистинито во мој прилог.“

Ако Бог даде.

Поврзани вести

Leave a Comment