Хутби 2020 

ДОВА И ДОБРИ ДЕЛА

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече:

„Прво, сакам да им се заблагодарам на сите Ахмади муслимани кои сочувствуваа со мене по моето паѓање и повреди. Го замолив Аллах џ.ш. богато да ги награди и да ја зголеми нивната искреност и лојалност.“

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, денес, ваква љубов наоѓаме само во Халифатот.

„Оваа љубов е взаемна. Не може да се каже кој кого повеќе го сака. Понекогаш изгледа како љубовта на Заедницата кон Халифатот е на врвот, и обратно. Така, оваа љубов оди во двете насоки. Тоа е таков однос со кој ниту една световна љубов не може да се споредува.“

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека отсекогаш му била омилена изреката на третиот Халифа р.а. дека Халифата и Заедницата се две души во едно тело.

Хузур а.т.б.а. рече дека, поради молитвите на Заедницата, неговите рани брзо зараснале. Брзината со која раните зараснале ги изненадила и докторите.

Хузур а.т.б.а. рече дека на лекарот му кажал оти самото лечење е една работа, а во стварноста, тоа се молитвите на Заедницата кои помогнале повредите да ги снема. 

Хузур а.т.б.а. рече дека и самиот сметал како ќе му биде потребно отприлика две недели за окрепнување, но, благодарејќи на молитвите на Заедницата раните зараснале многу порано.

Што се однесува до лекарствата, неговата светост Хузур а.т.б.а. рече дека употребувал Мархам-е-Иса (маст која ги зацелувала раните нае Исус, откако бил симнат од крстот) и користењето на хомеопатската крема Канендула.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ја замоли Заедницата да се моли останатите ефекти од раните бргу да нестанат.

Вистинската сила се наоѓа во Божјата милост.

Не долго пред тоа, тој имал силни болки во рамото до таа мера што без помош на другата рака таа не можел да ја крене. Докторот рекол дека ќе бидат потребни најмалку шест до осум недели да оздравее. Меѓутоа, само малку подоцна, кога докторот повторно го прегледал, состојбата 90% се подобрила. Докторот бил изненаден од брзината на заздравувањето.

Хузур а.т.б.а. кажа дека тоа се случува кога милиони луѓе се молат за него.

Докторот бил христијанин и рекол дека верува во моќта на молитвата, но, сепак бил шокиран и тврдел дека тоа можело да се случи само преку молитвата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека извештаите кои доаѓаат од различни земји покажуваат значајно зголемување на бројот на луѓе кои се свртуваат кон Бог. Во оваа вонредна состојба дошло до зголемување на намазите во Џемаатот, и се одржуваат предавања кои ги зголемуваат знаењата, како на младите така и на постарите.

Токму, по Божја милост, Рамазан дошол во ова време, а наклонетоста кон намазите која са менувала уште повеќе се зголемила.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека сега Рамазан е при крај, а државите почнуваат да го намалуваат ограничувањето.

Хузур а.т.б.а. рече дека и со олеснувањата сепак секој Ахмади муслиман би требало да се придржува до упатствата од државата.

Но, најважно е што Ахмади муслиманите треба да имаат на ум е дека со отворањето на претпријатијата, излегувањето на Рамазан кој се приведува до крај; овие нешта не би требало да ги намалат добрите дела кои биле воспоставени во текот на ова време. Клањањето на заедничките намази во Џемаатот и дома треба да продолжат и кога џамиите ќе бидат отворени и треба да се зголеми напорот да се наполнат џамиите.

Дарс и понатаму треба да се дава за да се зголеми знаењето, а членовите треба да продолжат со гледањето на МТА. Сите овие нешта не треба да се заборават со завршувањето на Рамазан и со ублажување на вонредните ограничувања.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека верникот не смее да биде како оние кои, кога ќе западнат во неволја, почнуваат да се молат и го повикуваат Бог, но кога тешкотиите ќе ги смена, го забораваат Бог.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека многу луѓе расправаат дали корона вирусот е природна катастрофа или Божја казна? Таквите природни катастрофи кои се случуваат во ова доба на Ветениот Месија а.с., кои имаат некаков вид на предупредување, ни кажуваат дека уште повеќе мораме да се свртиме кон Бог и многу да се молиме.

Хузур а.т.б.а. рече дека и порано ги спомнувал природните катастрофи поврзани со појавата на Ветениот Месија а.с.. Тогаш, треба да му се молиме на Бог за да станеме богобојазливи и да се случи добар крај.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во времето на чума, Ветениот Месија а.с. се молел човештвото да биде спасено, иако чумата била знак на неговата вистинитост. Треба да биде јасно дека Ветениот Месија а.с. рекол дека по неговото доаѓање ќе се случи зголемување на катастрофите.. Но, исто така, рекол дека и меѓу верниците поради законите на природата ќе има жртви, но на нив им се дава статус на шехиди и велгуваат во Џеннет.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, тоа што треба да го забележиме во текот на оваа пандемија, е нејзиното влијание врз световните луѓе. Моментално, овие луѓе се збунети, а тоа се случува во такви времиња.

Тоа чувство не се наоѓа само во пошироката јавност, туку, и кај оние моќни влади кои и самите верувале дека се како силни планини. Начините и стиловите на живот кој тие го познавале сега сосема се променети, а нивните напори да го пренасочат вниманието на масата можат да станат уште поопасни.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека секој Ахмади муслиман треба да се концентрира на фактот дека за такви нешта за Ахмади муслиманите ѝ постои предупредување и радосна вест. Предупредувањето е дека нема да биде доволно едноставно да се побара титулата Ахмади муслиман, туку ќе треба да се усвои вистинска богобојазливост. Радосната вест се однесува на слабостите кои ќе се појават кај Ахмади муслиманите бргу ќе се отстранат. Така, Ахмади муслиманите ќе се спасат кога ќе се свртат кон Бог и ќе го исполнат своето ветување кое го имаат дадено со давањето на Баи’ат (заклетва) на Ветениот Месија а.с..

Значи, задржете го зголеменото внимание кон Бог кое е воспоставено овие денови.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, кога сето ова ќе заврши, треба да се свртиме кон прашањато за свртување кон Бог и човештвото, а Ахмадија заедницата ќе биде на чело на таа задача.

„Потоа, заедно со молитвите, мораме да дадеме пример. Мораме на светот да му покажеме дека човекот може да ја постигне Божјата милост преку исполнување на на правата на другите. Без тоа, напорите за воспоставување на мирот ќе бидат залудни и крајот ќе биде лош.“

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека со Божја милост, во денешно време, кога членовите на Заедницата го зголемиле своето внимание кон обожавањето, ја зголемиле и својата служба кон човештвото. Тоа на некои им помага да ја здогледаат светлината на вистината.

Од Канада стаса извештај дека во 2 часот наутро една жена, која не можела никаде да побара помош, го свртела телефонот за помош на Худам (Ахмади младина), бидејќи синот и бил болен и во лоша состојба, имал итна потреба од лекарства и затоа решила да се обрати на оваа линија за помош. Таа била многу загрижена и во таа состојба помислила дека, иако не верува во Бог, си кажала дека ќе поверува ако таму најде помош. Се јавила на телефонската линија за помош и прво добила одговор дека е премногу доцна и дека лекот најрано би можел да стаса дури следното утро. Меѓутоа, кога на младиот Ахмад кој се јавил на телефон му кажала за состојбата на синот, и покрај тоа што тој истиот млад човек кој се јавил на телефон спиел, станал преку ноќта и ја напуштил куќата, поминал 50 километри и ѝ го испорачал лекот. Така, со оваа негова постапка жената почнала да верува дека Бог постои.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека не само што би требало да продолжиме да ја зголемуваме наклонетоста кон Бог воспоставена во ова време и посебно во месецот Рамазан, туку и, дека мораме да продолжиме да бидеме внимателни кон служењето на човештвото.

Рамазан ќе заврши, за ден или два, но богобојазливите промени кои тој ги носи треба да останаат засекогаш. Позитивните промени кои ги донела оваа вонредна состојба, како кон нас така и кон другите, треба да останат со нас до крајот на животот. Ние го прифативме Месијата на ова време а.с.. Тогаш, секогаш мораме да се обидуваме да го практикуваме неговото учење.

Во врска со ова, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. прочита одредени извадоци од пишувањата на Ветениот Месија а.с.; кои се однесуваат на состојбата и нивото на кое Ветениот Месија а.с. сакал да ги види Ахмади муслиманите.

На пример, Ветениот Месија а.с.  рекол дека секој Ахмад би требало да настојува да го клања тахаџуд (доброволен намаз пред зора), да ги клања петте дневни намази, да ги избегнува сите работи со кои Бог не е задоволен, да ја остави лутината, да воспостави милост и да усвои личен морал. Во суштина, секој Ахмад мора да се моли, да бара проштавање и дава милостина за да Бог им се смилува.

Ветениот Месија а.с. исто така напишал дека треба да воспоставиме меѓусебно братство и да го напуштиме секој вид на непријателство и исмејување. Воспоставете однос со Бог и влезете во Неговата милост. Ако некој на себе преземе да ги прати Божјите наредби, тогаш ќе ги отстрани тешкотиите на својот пат.

Како што земјоделецот се грижи само за стеблата со буен раст кои се плодни, а стебла кои не се плодни и не даваат плод ги занемраува. Така, Аллах џ.ш. се грижи за оние кои покажуваат вистински копнеж кон Неговиот пат и за Неговиот начин. Затоа, отстранете ја грдотијата меѓу себе и воспоставите доброта и сочувство.

Ветениот Месија а.с. рекол дека сомилоста кон другите е одличен облик на обожавање на Бог. Што се однесува до оние кои се благословени со Божјата милост, еден од најголемите начини за изразување на благодарноста е служење на Неговите суштества.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. прочита уште еден извадок во кој Ветениот Месија а.с. рекол дека нашата Заедница треба да биде таква што нема да се ограничува само на зборовите, туку ќе ги исполнува вистинските стандарди на Баи’атот. Ако не се случи вистинска внатрешна промена, тогаш не постои разлика помеѓу нас и останатите. Како што се оди кај лекар за да се излечи болеста, исто така, итно треба да се тежнее кон богобојазливоста.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во овие денови, посебно кога постои опозиција против Ахмади муслиманите во Пакистан и на други места, треба да настојуваме да ја оствариме Божјата милост повеќе од порано.

Ветениот Месија а.с. разјаснил дека единствен начин за постигнување на богобојазливоста и високите морални стандарди е одот по патот кој го покажал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Гледаме дека овие денови, таканаречените муслимани го искривиле учењето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и погрешно ги насочуваат луѓето, а сепак себе се нарекуваат муслимани и Ахмади муслиманите ги означуваат како немуслимани.

Ветениот Месија а.с. рекол да не го напуштаме патот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Постојат луѓе кои ги усвоиле сите видови на штетни иновации во верата. Меѓутоа, самиот Чесен Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е одличен пример. Според тоа, не обидувајте се да се оддалечите од неговиот пат. Божјата цел за основање на оваа Заедница била да постои таква заедница, како заедница во времето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека само со прифаќањето на Ветениот Месија а.с. сме влегле во заедништво на вистинските следбеници на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и на тој начин би требало да тежнееме да ја исполниме оваа должност. Мораме да воспоставиме вистинска сила во своите молитви и да настојуваме да го следиме примерот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Заедницата се моли за оние кои се возат во името на Ахмадијатот.

Неодамна една млада жена е притворена во затвор според законите на Пакистан против Ахмади муслиманите. За неа и за сите останати нека Аллах џ.ш. најде начин за нивно ослободување.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше да ја препознаеме вистинската цел за доаѓањето на Ветениот Месија а.с. и да го практикуваме учењето на исламот и мир да завладее во куќите.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече да се молиме за сите вакф и зиндаги за да ја исполнат својата должност. Молете се за вакфи нау, молете се за шехидите и нивните семејства, молете се за сите оние Ахмади муслимани кои се соочени со било какви потешкотии, молете се сите Ахмади муслимани да бидат спасени од лошото дејство на моменталната пандемија, молете се за работниците на МТА. Молете се за муслманскиот свет и за воспоставување на мирот.

На крај, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе некои дови и ја замоли Заедницата да ги повторуваат.

Довите се следните:

        „О Аллах, Ти си нашиот штит против непријателите, и бараме         засолниште од Тебе од нивното зло.“

(Сунан Аби Давуд Хадис број 1537)

        „Не постои бог освен Аллах, Велик, Семоќниот, нема бог освен     Аллах, Господарот на големиот Престол. Нема бог освен Аллах,       Господарот на небото и на земјата, Господарот на      Величествениот Престол.“

(Сахих Муслим Хадис број 2730)

        „О Управителу на срцата! Зацврсти го моето срце во Твојата         религија.“

(Сунан Тирмизи, том 4, Книга 6, Хадис број 2140)

        „О Аллах. Го барам Твоето вистинско упатство,    богобојазливоста, невиноста и достојноста.“

(Сахих Муслим Хадис број 2721)

        „О Аллах! Барам засолниште од Тебе за да не бидам лишен од       Твоите дови, од доброто здравје кое Ти си ми го подарил, од   Твојата брза казна и од сите дела кои можат да го предизвикаат      Твоето незадоволство.“

(Сахих Муслим Книга 16. Хадис број.1601)

        „Господаре, ние згрешивме; и ако Ти не ни опростиш и не ни ја     подариш Својата милост, ние навистина ќе бидеме изгубени.“

(Чесниот Кур’ан 7:24)

        „Господаре наш, не давај нашите срца да станат искривени   откако Ти не упати; и подари ни ја Својата милост; сигурно си Ти еден голем Дарител.“

(Чесниот Кур’ан 3:9)

„Господаре на, подари ни добро на овој свет и добро на идниот     свет, и спаси не од страдањата во Огнот.“

(Чесниот Кур’ан 2:202)

Дова на хазрети Ветениот Месија а.с.:

        „Господару на сите светови! Јас не можам да ја изразам        благодарноста за твоите благослови. Ти си Најмилостив и   Најдарежлив. Ми подари безброј благослови. Прости ги моите       гревови. Всади вистинска љубов во моето срце кон Тебе, така да       ми подариш живот и сокри ги моите недостатоци, помогни ми да     чинам дела со кои Ти ќе бидеш задоволен. Јас искрено се молам   на твоето Величество и барам Ти да ме заштитиш од Твоето         незадоволство. Смилувај ми се, смилувај ми се, смилувај ми се.         Сочувај ме од тешкотиите на овој свет и на Ахирет, бидејќи сета   добрина и благослови се во Твоите раце.“   

        „О Аллах, спушти ја својата милост на Мухаммед с.а.в.с. и    неговото семејство, како што спушти милост на Ибрахим и неговото семејство, Ти, навистина, си достоен за најголеми     благодарности, Највеличествен.“

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. зборуваше за датумот за Бајрам во Велика Британија, говорејќи дека некои пишуваат Бајрам да не паѓа на 24 мај бидејќи младиот месец нема да биде забележан ноќта на 23 мај.

Меѓутоа, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека контактирал со одборот за разгледување на ова прашање и дошле до заклучок дека постојат одредени подрачја каде Месечината може да се види во ноќта на 23 мај во Велика Британија, а ако во некои земји Месечината може да се види барем во едно подрачје тогаш во целата земја тој ден може да се слави Бајрам. Значи, Бајрам може да се слави на 24 мај оваа година.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap