Хутби 2018 

Доблесни луѓе

По учењето на ташахуд, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече:

„Хазрети Абдуллах бин Јанш р.а. бил еден од првите асхаби (другари на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.), за кој денес ќе зборувам. Неговата мајка, Умаимах бинт Абдул Мутталиб била тетка по мајка на Чесниот Пратеник Мухаммеде с.а.в.с. Според таа линија тој бил роднина на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Тој исламот го примил во раните денови на раѓањето на исламот. Се раскажува дека неговото семејство исто така било малтретирано од страна на Курејшиите, многубошци. Тој со своето семејство се иселил во Абисинија заедно со двајцата браќа, хазрети Абу Ахмад и Убаидуллах, и со своите сестри хазрети Зејнеб бинт Јанш, хазрети Умм Хабиба и хазрети Хамна бинт Јанш. Неговиот брат Убаидуллах по пристигањето во Абисинија преминал во христијанство и таму и починал како христијанин. Додека, неговата жена Умм Хабиба бин Абу Суфијан која се уште била во Абисинија, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. извршил верско венчање (никах) со неа.

По општото спротивставување маса муслимани морале да се иселат од Медина оставајќи ги соседите. Хазрети Абдуллах бин Јанш р.а.  случувања во Медина му ги пренел на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тоа го слушнал рекол:

„О Абдуллах! Зарем не си задоволен со фактот што Аллах џ.ш. наместо тоа ќе ти даде плата во Џеннетот?“

Тој всушност сакал да каже како наместо куќите кои ги напуштиле ќе им биде доделен статус во Џеннетот како замена. Таму за нив ќе бидат подготвени палати.

Чесниот Пратеник с.а.в.с. Мухаммед хазрети Абдуллах бин Јашар р.а. го пратил во експедиција во долината Наклах, за која во книгите се раскажува на следниот начин:

Еден ден Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го повикал хазрети Убаи бин Ка‘б и му наложил да напише писмо. Откако писмото било напишано, тој го повикал Абдуллах бин Јанши и додека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му го давал писмото рекол:

„Јас ќе те одредам за водач на оваа експедиција (експедиција, делегација, која била основана и пратена под неговото водство).“

Во време на неговото заминување, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му дал титула Амир-ул-Му‘миниин (поглавар на верниците). Во Сееррат-ул-Халбија е напишано дека хазрети Абдуллах бин Јанш бил прв кој имал среќа во ерата на исламот да ја прими титулата Амир-ул-Муминеен (поглавар на верниците).

Дури и откако Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се иселил од Мека во Медина, силината на непријателството на луѓето од Мека не опаднала. Во тоа време се случувало да Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. останувал буден по цела ноќ и асхабите спиеле целосно вооружени, за од темнината на ноќта во заседа непријателот да не нападне. Во таквите околности Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. од една страна започнал да склопува договори со племињата кои живееле во околината на Медина, за тоа дека во случај на напад тие ќе им помогнат на муслиманите. Од една страна, како резултат на извештајот дека Курејшиите прават подготовки за напад, Чесниот пратеник с.а.в.с. го пратил хазрети Абдуллах бин Јнаш во Никхл со дванаесет луѓе. Тој му дал писмо и му наредил да го отвори по два дена. Во него пишувало:

„Треба да останеш во Никхл, да собереш информации за состојбата на Курејшиите и да не известиш за тоа.“

Тие денови сосема случајно поминувала мала делегација на Курејшии која се враќала од трговија во Сирија. Хазрети Абдуллах бин Јанш по лична иницијатива ги нападнал и како резултат на тоа еден од членовите на неверниците Амр бин Ал-Хазрами бил убиен, двајца биле заробени и муслиманите земале одреден плен. Кога се вратиле во Медина и го известиле Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. за овој настан тој изразил големо незадоволство и им кажал дека не дал одобрение да се борат, и исто така одбил да го земе пленот. Грешката која хазрети Абдуллах бин Јанш и неговите асхаби ја направиле е тоа што тие верувале дека (месецот) реџеп се уште не започнал, иако месецот реџеп веќе бил започнат. Наспроти тоа, неверниците кренале голема врева околу тоа дека муслиманите повеќе не ја почитуваат светоста на овие свети месеци во кои сите облици на борба биле прекинувани.

Во коментарот на ајетот (2:218):

„Тие тебе те прашуваат за борбата во светиот месец“,

Возвишениот Аллах во тој ајет вели дека, иако е за презир да се бори во овој месец и е грев во очите на Аллах џ.ш., уште поголем презир е да се сопираат луѓето да одат по патот на Возвишениот Аллах, да се попречуваат во исповедувањето на Единственоста на Возвишениот Аллах, да се занемарува светоста на Ал-Харам џамијата и да се истеруваат луѓето од нивните домови без било каква причина, само поради фактот дека веруваа во Едниот Бог.

Хазрети Абдуллах бин Јанш бил асхаб на многу возвишена положба. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. за оваа експедиција го одредил како сигурна и доверлива личност. Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил запознаен со плановите за војната кои Курејшиите на Мека ги направиле, и тој исто така започнал да прави припреми и тоа го направил во најголема можна тајност.

Според преданијата, поради љубовта кон Бог и Неговиот Пратеник асхабите заборавиле на сите материјални желби. Нивната единствена желба била своите животи да ги жртвуваат на Аллаховиот пат. Желбата на овој асхаб била исполнета и тој станал истакнат како ’Алмајдо Филлах‘ (оној кој ќе изгуби увото на Аллаховиот пат).

Пред одење на бојното поле, хазрети Абдуллах бин Јанш го молел Аллах:

„О Аллах, кога утре ќе се сретнам со непријателот, дај ми да се соочам со некого кој е жесток во нападите и е голем. Дај ми да го убијам и дај ми да ме победи и да ми ги исече ушите и носот. Кога ќе дојдам пред Тебе, Ти ме запрашај:

’О Абдуллах, твојот нос и уши се отсечени ‘,

а јас ќе одговорам:

’О Аллах, тие се отсечени на Твојот пат и на патот на Твојот Пратеник, и Ти кажи дека ја зборувам вистина‘.“

Хазрети Саад вели дека довата на Абдуллах бин Јанш била подобра од неговата бидејќи пред крајот на тој ден видел дека носот у ушите му виселе на конец, што значело дека биле отсечени и заедно фрлени. Тоа бил суров начин кој неверниците го применувале.

Хазрети Абдуллах бин Јанш и хазрети бин Абдул Мутталиб заедно биле погребани. Хазрети Хамза бил амиџа на хазрети Абдуллах бин Јанш и во времето на убиството имал повеќе од 40 години.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил чувар на неговото наследство така што Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. купил стока во Каибар и ја дал на неговиот син. Хазрети Абдуллах бин Јанш исто така бил прочуен како човек со исправно мислење и исправен совет. Во времето на битката кај Бедр, хазрети Абдуллах бин Јанш бил меѓу асхабите од кои Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. побарал совет.

Бил внимателен и грижлив татко. Тој е пример и за денешните жени и мажи кои, како и тој, треба да бидат драги сопружници и грижливи за семејството. Покрај тоа треба да бидат грижливи сопружници мораат и да ги исполнуваат правата на своите жени и на своите деца.

Друг асхаб кој ќе го спомнеме е хазрети Ка‘б бин Заид. Неговото име било К‘аб бин Заид бин Ка‘ис бин Малик и потекнувал од Бану Најјар племето. Учествувал во битката кај Бедр и бил убиен во битката Кхандак (битка на Рововите). Тој е единствениот преживеан од Бир Маон. Бир Маон е место каде Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.  – на барање на едно од племињата – пратил 70 свои асхаби од кои поголемиот број биле хафизи (Чесен Кур‘ан целиот го знаеле напамет), како и Карис (оние кои требало да го учат Чесниот Кур‘ан). Нив ги измамиле и сите освен хазрети Ка‘ба биле убиени. Тој преживеал бидејќи се качил на ридот. Според некои преданија неверниците силно го нападнале и го повредиле. Мислејќи дека е мртов неверниците си заминале, но тој всушност останал жив. Наскоро се вратил во Медина и неговото здравје и живот се вратиле во нормала.

Третиот асхаб вреден за спомнување е хазрети Салих Шукраан. Неговото име било Салих а титулата му била Шукраан, и по тоа бил познат. Хазрети Салих Шукраан бил Хабши (Абисински) роб на хазрети Абдуллах бин Ауфа. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. сакал да му помага и го купил од хазрети Абдуллах. Другите сведоштва велат дека хазрети Абдур Рахман бин Ауф му го предал без надомест. Хазрети салих Шукраан учествувал во битката кај Бедр. По битката кај Бедр Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го ослободил. Хазрети Ѓукраан бил од Ахл Суф, оние кои секогаш биле на вратата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Хазрети Шукраан ја имал честа да учествува во гусул (обредно перење на телото на починатиот муслиман) и на погребот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..  Хазрети Ибн Аббас р.а. вели дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил испран со облека на телото.

По битката во Мурајса муслиманите од таборот на непријателот се стекнале со богатство, оружје, добиток итн. И хазрети Шукраан бил одреден за надзорник на сето тоа. Бил доверлив и сигурен. Едно од сведоштвата спомнува дека хазрети Шукраан се сместил во Медина, а исто така имал и куќа во Басра. Починал во текот на ерата на Халифатот на хазрети Омер р.а..

Следното сеќавање е за хазрети Малик бин Духшан. Тој бил од Кхизрај племето од семејството Бану Гханам Бин Ауф. Имал ќерка по име Фурија. Хазрети Малик учествувал во битката кај Бедр и во битката кај Рововите, како и во сите останати битки потоа заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Сухаил бин Амр бил меѓу повисоките и почитувани водачи на Курејшиите. Учествувал во битката кај Бедр на страна на идолопоклониците.

По враќањето од битката кај Табук, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. застанал близу до Медина на место наречено Зававан. Во текот на тој одмор, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. преку објава бил известен за џамијата Месџид Ал-Зарар. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги повикал хазрети Малик бин Дхухшум и хазрети Ма‘ан бин Ади и им наредил да одат до џамијата Месџид Ал-Зарар. Хазрети Малик бин Дхухшум и хазрети Ма‘ан бин Ади отишле до племето Бану Салим, кое било племе на хазрети Малик бин Дахахам. Хазрети Малик бин Дхахшам му рекол на хазрети Ма‘ун да го почека додека тој да донесе нешто со што ќе запалат оган. Отишол до дома и донел запалена сува гранка од палма. Потоа отишле кон џамијата Месџид Ал-Зарар и според сведоштвата стасале во време помеѓу акшам (магриб) и јација (иша) намаз. Тие џамијата ја запалиле и таа до темел изгорела.

Според тоа, не треба да тврдиме и да наведуваме приказни за асхабите засновани на зли сомнежи. Се претпоставувало дека можеби тој отстапил од правиот пат до таа мера што бил обвинет дека бил лицемер. Меѓутоа, подоцна станал оној кој го уништил центарот на лицемерство  по налозите на Семоќниот Бог.

Нека Аллах џ.ш. продолжи да ја воздига положбата на асхабите. Нека Он не оспособи да правиме анализа на самите себе дали постапуваме или не според наредбите на Семоќниот Бог.

Поврзани вести