ВЕСТИ Хутби 2018 

ДОБЛЕСНИ ЛУЃЕ

По учењето на ташахуд, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече:

Хазрети Умаир Бин Аби Ваккас бил асхаб на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кој учествувал на битката кај Бедр. Неговиот татко бил Абу Ваккас Малик Бин Вухаби. Хазрети Умаир р.а. бил помлад брат на хазрети Са‘ад Бин Аби Ваккас и бил еден од првите муслимани. Името на неговата мајка било Ханнах бинт Суфјан. Тој му припаѓал на племето Бану Зухрах на кланот Курејши племето.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. основал братска врска помеѓу хазрети Умаир и хазрети ‘Амр Бин Муа‘аз, или според други сведоштва со хазрети Кхубаиб Бин Ади.

Тој во времето на битката каја Бедр бил малолетен и кога му било кажано да се врати назад во Медина, Умаир р.а. се расплакал и откако се осведочил во неговата искрена желба Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му дозволил да остане со борците. Неговата сабја била доста голема и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. со сопствени благословени раце му направил корици за неа. Хазрети Умаир Бин Аби Ваккас имал шеснаесет години кога бил убиен во битката кај Бедр.

Друг асхаб за кој денес ќе зборувам е хазрети Кутбах Бин Амир. Тој бил Ансар (жител на Медина). Бил син на Амир Бин Хадеедах. Името на неговата мајка било Заинаб бинт Амир. Името, пак, на неговата жена било хазрети Умм Амр. Имал една ќерка чие име било Умм Јамеел. Учествувал во двата баи‘та  (заклетва на верност), на првиот во Акабах, и исто така и на вториот. Тој е меѓу оние шест асхаби кои верувале во Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., сè уште, додека бил во Мека.

Луѓето кои го давале завет на верност го прашале Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.:

„Ние сме силно ослабени со граѓанската војна, и постојат многу несогласувања меѓу нас. Колку добро би било Возвишениот Аллах преку тебе повторно да не собере.“

Така, идејата дека исламот предизвикал поделба е неточна. Всушност, исламот е тој кој ги отстранил нивните поделби и караници.

Хазрети Кутба се вбројува меѓу најдобрите стрелци на асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Тој, заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. учествувал во битките на Бедр, Ухуд, Кхандаку, како и во останатите битки. Тој храбро се борел во битката кај Ухуд. Тој ден се здобил со девет рани. Хазрети Кутба починал во текот на Халифатот на хазрети Омер.

Третиот асхаб кој ќе биде спомнат е хазрети Шуја бин Вахаб, кој бил син на Вахаб бин Раби‘ах. Тој исто така се викал Шуја бин Аби Вахаб. Бил висок, слаб и имал густа коса. Хазрети Шуја  се вбројува во оние благородни асхаби кои Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го прифатиле во првите денови. Во шестата година откако Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го потврдил пратеништвото, тој по навестувањето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се преселил во Хабша (Абисинија) со друга група на иселеници кои таму се иселиле. По кусо време, кога слушнал дека луѓето од Мека го примиле исламот, хазрети Шуја се вратил во Мека. Подоцна, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. им дал одобрение на асхабите да се иселат во Медина, на што хазрети Шуја заедно со својот брат Укба бин Вахаб се опростил од Мека и се иселил во Медина. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. прогласил дека хазрети Аус бин Кхаули е религиозен брат на хазрети Шуја, согласно на врските на братство које тој ги засновал. Вклучувајќи ги битките кај Бедр, Ухуд и Кхандаку хазрети Шуја учествувал и во сите останати битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Живеел малку повеќе од 48 години и бил убиен во текот на битката на Јамама.

По враќањето од склапањето на договор на Худебија, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го пратил хазрети Шуја кај поглаварот Гхоута, блиску до Дамаск, како амбасадор. Хазрети Шуја се претставил на шефот на обезбедувањето, кој го прашал за пораката на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Откако слушнал, шефот на обезбедувањето рекол:

„Ја прочитав Библијата и овие точни описи на тој пратеник се присутни во него. Јас разбрав дека ќе се појави во Сирија, но изгледа дека тој се појавил во земјите на Карза, односно Јемен. Сепак, јас верувам во него… Се плашам дека владарот ќе ме убие.“

Тој исто така кажал:

„Харитх бин Аби Шимр (владар), всушност, се плаши од Цезар бидејќи живее под неговата власт.“

Кога писмото конечно му било доставено на владарот, тој се налутил и на својата управа и наредил да ја подготват војската и да се осветат за оваа порака. Писмото кое му било напишано тој го сфатил како закана, дека ако не ја послуша пораката на исламот тогаш неговото владеење постепено ќе се намалува.

После тоа, Харитх бин Аби Ширм (владар) на Цезар писмено му ги испратил сите детали од писмото на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Цезар го прочитал писмото од Харитх и му наредил да отфрли секаква помисла за напад кон него.

Така, кога Харитх го примил овој одговор од Цезар го повикал хазрети Шуја и наредил да му дадат околу 500 грама злато и шефот на обезбедувањето дошол и му предал одредена сума на пари. Тој рекол да му ги пренесе поздравите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и да го извести дека и тој станал следбеник на неговата вера.

Хазрети Шуја кажува:

„Кога стасав до Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го известив за ставовите на владарот Харитх.“

Кога слушнал за неговите постапки рекол:

„Тој ќе биде уништен.“

Односно, неговото владеење ќе заврши.

После ова, муслиманите биле вистински загрижени дека војската на ова племе ќе ја нападне Медина. За да ги одбрани муслиманите Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на хазрети Шуја му доделил дваесет и четири муџахедини со кои требало да прибере информации за напад на Медина. Хазрети Шуја ноќе патувал со муџахедините а преку ден се криел, додека во еден момент не налетале на луѓе од Бану Амир кои се подготвувале за војна. Кога луѓето на Бану Амир наеднаш ги виделе муслиманите пред себе биле збунети и избегале оставајќи сè зад себе. Хазрети Шуја им наредил на муџахедините да не ги бркаат, туку наместо тоа, што во тоа време било традиција, во Медина да ги однесат камилите, козите и пленот кои тие го оставиле.

Следниот асхаб кој е вреден за спомнување е хазрети Шаммас бин Осман. Неговиот татко бил Осман бин Шарид и починал во третата година од Хиџра, во текот на битката на Ухуд. Неговото име е Осман а титулата му е Шаммас, по која и бил познат. Тој бил од племето Бану Макхзум и исламот го примил уште на почеток. Името на Шаммас р.а. било Осман, а прекарот Шаммас го добил поради црвената кожа на лицето, кое изгледало како сонце. Затоа, повеќе бил познат како Шаммас наместо по свое лично име. Хазрети Шаммас бин Осман и неговата мајка, хазрети Саффиа бинт Рабиа бин Абд Шамс, биле дел од втората група која се иселила во Абисинија. Хазрети Шаммас бин Осман во Медина се иселил по враќањето од Абисинија и престојувал со хазрети Мубешир бин Абдул Мунзир.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. основал братска врска помеѓу хазрети Шаммас бин Осман и хазрети Ханзл бин Аби Амир. Хазрети Шаммас имал син по име хазрети Абдуллах. Хазрети Шаммас бин Осман учествувал во битките кај Бедр и Ухуд. Храбро се борел во текот на битката кај Ухуд.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека забележал како хазрети Шаммас бин Осман изгледал како штит. Кога и да се свртел Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., било на десна или на левата страна, во одбрана го гледал хазрети Шаммас со неговата сабја, сè до моментот кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. паднал онесвестен од карпа која била фрлена на него. Хазрети Шаммас стоел пред Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и со телото го штител, поради што и самиот се здобил со сериозни повреди. Сè уште во себе имал живот и го однеле назад во Медина каде на крајот, по еден ден, и починал. Подоцна, по налог на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. хазрети Шаммас е однесен до Ухуд и таму е погребан во истата облека. Хазрети Шаммас починал во 34-та година од животот.

Друг асхаб за кој ќе кажам е хазрети Абу Абас бин Јабр. Името на неговиот татко било Јабр бин Амар. Тој починал во 34-та година според Хиџра, во 70-та година од животот. Неговото вистинско име било Абдул Рахман, а прекарот му бил Абу Абас. Бил Ансар од племето Бану Харитха. Во ерата на незнаење (пред исламот) неговото име било Абдул Узза, меѓутоа Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му го променил во Абдул Рахман, затоа што Узза било име на нивниот кип. Учествувал во битката кај Бедр и во сите други битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Исто така, бил еден од асхабите р.а. кои го убиле Ка‘аб бин Ашраф, кој им припаѓал на Евреите. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. основал братска врска помеѓу хазрети Абу Абас и хазрети Анеес.

Починал во 34-та година според Хиџра, во 70-та година од животот, а хазрети Осман ја клањал неговата џеназа и е погребан во Јанатал Бакее. Тој бил образован човек и знаел и да чита и да пишува. Хазрети Омер и хазрети Осман овие двајца побратими ги праќале да собираат (милостина) од луѓето, што значи дека тие управувале со одделението за финансии.

Хазрети Абу Абс го изгубил видот за времето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и тој му дал бастун и рекол:

„Најди ја светлината преку ова.“

И така, тој бастун ја ширел светлината пред него. Единствено значење на ова е дека тој бастун во неговата рака ќе му помага како и на другите луѓе кои користат бастун. Меѓутоа, тоа исто така може да значи дека тој бастун ќе фрла светлина на оние кои ноќе не гледаат убаво.

Всушност, исто така е спомнато дека еднаш асхабите на на Ветениот Месија а.с. патувале ноќе кога Семоќниот Аллах им покажал светлина која ги водело понатаму.

Синот на хазрети Абу Абс пренесува:

„Хазрети Абу Абс своите намази ги клањал зад Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и потоа се враќал во своето племе Бану Харитха. Еднаш, кога се враќал во текот на мрачна и дождлива ноќ, почнала да излегува светлина од неговиот бастун и таа светлина му го осветлила патот.“

Тој брзо одел и бил искрен во своето однесување во врска со финансиите, и бил многу доверлив.

Хазрети Абдуллах бин Абс пренесува:

„Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

’Семоќниот Аллах од огнот го спасува оној чии стапала стануваат гнасни на патот на Семоќниот Аллах‘.“

Односно, оние кои се борат на патот на Семоќниот Аллах, оние кои одат по патот (за да се стекнат) со Неговото задоволство, и оние кои работат (поради Него) се вклучени во ова.

Слично на тоа, оние кои патуваат за да и другите ги повикуваат кон Аллах џ.ш., и оние кои од далеку патуваат за да извршат намаз во џамија, исто така се вклучени во оваа група на луѓе. Семоќниот Аллах вели дека тие се спасени од огнот.

Потоа, тука е и асхабот по име хазрети Абу Акеел бин Абдуллах кој бил Ансар. Името на неговиот татко било Абдуллах бин Тхалибах. (Хазрети Абу Акеел) починал во 12-та година според Хиџра, во текот на битката Јамама. Неговото име било Абдур Рахман бин Араси бин Абдуллах. Неговото вистинско име било Абдул Узза. По примањето на ислам Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му дал име Абдул Рахман. Тој бил од Бану Ухаиб, огранок на племето Балее, и бил сојузник на Бану Јахјабах бин Кулфах од семејството на Ансари. Неговото конечно именување било Абу Акеел и најчесто по тоа и бил познат.

Тој заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. учествувал во битките на Бедр, Ухуд и Кхундаку. Бил убиен во текот на халифатот на хазрети Абу Бекир Сидик р.а. во текот на битката на Јамама. Тој бил еден од асхабите кои по цела ноќ работеле, и кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. барал (од секој поединец) да даде садака (милостина) тој давал сè што  можел да собере.

Еднаш, хазрети Абу Акеел донел 1.5. до 1.75 кг. урми кои биле купени од платата за својата тешка работа. Кога еден друг човек купил повеќе од него, лицемерите кажале:

„Семоќниот Бог нема потреба од милостина на овој човек, а другиот кој даде милостина ја дава само поради покажување.“

Оттаму, следниот ајет од Чесниот Кур‘ан бил објавен во тој момент:

        „Оние кои наоѓаат мани кај таквите верници кои милостина даваат по слободна волја и кај таквите кај кои не можат да       најдат ништо (да дадат) освен (заработката) од својот тежок     труд. Тие него така го        исмејуваа.         Аллах ќе им врати за таквото       исмејување и за нив е тешка казна.“ 

Овие асхаби имале неверојатни начини да го стекнат задоволството на Семоќниот Аллах. Прифаќајќи ги нивните напори Семоќниот Аллах на оние кои дошле по нив им наредил да го следат нивниот пример.

На денот на битката кај Јамама, хазрети Абу Акеел Анифи бил прв ранет. Стрелата го погодила помеѓу рамото и срцето, но, бидејќи се свила таа не го усмртила. Кога биле повикани Ансарите да се прегрупираат поради силниот противнапад Абу Акеел р.а. станал со намера да се сретне со своите браќа Ансари. Тој бил повреден и слаб но сепак станал. Тој тогаш кажал:

„Јас сум Ансар, јас ќе одговорам на повикот, дури и ако морам да лазам.“

Ансарите се групирале, нека Аллах има милост кон нив, и биле на чело на многу силен напад од страна непријателот. Биле натерани да се повлечат во овоштарник. Хазрети Абу Акеел се здобил со четиринаесет рани, и секој од нив била смртоносна. Паѓајќи на бојното поле, хазрети Абу Акеел го фалел Аллах џ.ш., потоа го кренал прстот кон небото и починал. Нека Аллах џ.ш. има милост кон него.

Нека Семоќниот Аллах продолжи да ги воздига положбите на асхабите.

По џума намаз јас ќе клањам џеназа за починатиот чие тело не е присутно.

Првата џеназа се однесува за почитуваниот маулан, Абдул Азиз Сидик сахиб, кој беше мисионер во Бангладеш; тој почина на 26 јули 2018 година.

’На Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.‘

Додека бил во 4-то одделение го напуштил школувањето во Кадијана, каде имал прилика да расте меѓу асхабите на Ветениот Месија а.с.. По раздвојувањето на Индија и Пакистан, од студентите побарале да се вратат во централното седиште (Марказ).

Тој патувал во опасни услови од Калкута до Делхи  – во текот на ова патување хиндусите и сикхите биле зачудени како млади муслимани храбро патуваат со возот по Индија.

Во секој случај, кога стасал во Делхи, Џемаатот за него организирал лет до Лахор – во тоа време западен и источен Пакистан не биле поделени и маулана Абдул Азиз сахиб безбедно стасал во Рабва.

Шест години студирал во Ахмадија Џамија и следните три години ги завршил во Џамија-тул-Мубаширеен. Се стекнал со Шахид диплома и потоа студирал на Пенџаб универзитетот и на Пешавар универзитетот; се стекнал со Маулви Фазл степенот. Потоа бил пратен во Самундара, Фаисалабад. Во 1963 и 1964 година бил испратен во западен Бангладеш каде служел во разни џемаати.

Хазрети Халифа-тул Месих III р.а. основал одбор кој требало да ги надгледува преводите на Чесниот Кур‘ан на Бангладешки јазик и на препорака на почитуваниот Кази Мухамммед Назир сахиб, хазрети Халифа-тул Месих III р.а. го вклучил маулан Абдул Азиз сахиб меѓу членовите на одборот. На оваа задача со него работеле и Музафир Удин Бенгали и маулви Мухаммед Амеер Бенгали сахиб, така што и двајцата пребивале во Рабва. Меѓутоа, Мухммед Амир сахиб потоа бил преместен во Дхака и по смртта на Чаудри Музафар Уддин сахиб, Абдул Азиз сахиб работел на превод и при обележувањето на јубилејот од стогодишницата бил печатен преводот на Чесниот Кур‘ан на Бангладешки јазик.

Тој служел ширум Бангладеш на разни места сè со цел да се печатат книги, да се воспитува и да се шири пораката. Во многу прилики морал да поднесува физичко измачување од противниците на Ахмадија џемаатот.

Исто така, бил благословен со прилика да стане Асеер Раха маулана (затвореник на Аллаховиот пат). Во 1992 година кога непријателите преземале напад на Бакши Базар Дхака, кој бил центар на Џемаатот, тој храбро се борел. Во текот на нападот бил повреден од глава до петици.

Освен жената, после него остана три ќерки и два сина, како и многу внуци. Сите три ќерки живеат во Бангладеш. Еден од синовите живее во САД а неговиот најмал син, Хабибуллах Садик сахиб, живее во Велика Британија и работи во МТА во одделението за вести. Нека Аллах џ.ш. ја воздигне положбата на починатиот и нека ги оспособи неговите потомци да ги продолжат неговите честити дела.

Другата џеназа се однесува за Мухаммед Зафруллах сахиб шехид, синот на господин Башарат Ахмад сахиб од Сјадвала Нанкана. На 29-ти август тој бил убиен во областа Нанкана во време на магриб (акшам) намаз кога двајца крадци отвориле оган во неговата продавница.

’На Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.‘

Шест мажи наоружани со најновото оружје стасале со мотори до неговата златара. Откако ја ограбиле целата продавница отвориле оган и во таа прилика и еден минувач бил погоден и убиен. Иако во тоа време во продавницата имало и други луѓе тие целеле само кон Зафруллах сахиб со мисла дека, бидејќи тој е Ахмад, ќе добијат поголема награда.

Починатиот бил пристоен и гостопримлив господин. Голем број на ожалостени се собрале да му одадат почит а многу од нив и не му припаѓаат на Џемаатот.

Починатиот имал посебна љубов кон Халифатот и одговарал на секоја иницијатива која Ахмадија заедница ја преземала. Бил редовен во извршувањето на петте дневни намази.

Со Аллаховата милост бил мусси (дел од институција на Завештание) и човек кој бил храбар и смел. Моментално служел како секретар за образование во Сједвала. Зафруллах сахиб имал 30 години кога бил убиен.

Оженет е и има еден син, Мухаммед Талих кој има една и пол година. Зад себе оставил жена, дете, родители, еден брат и пет сестри. Нека Возвишениот Аллах ја воздигне положбата на починатиот и на сите членови на неговото семејство кое останува зад него нека им подари цврстина и нека ги оспособи да ги продолжат честити дела на починатиот.

Поврзани вести