ВЕСТИ Хутби 2018 

ДОБЛЕСНИ ЛУЃЕ

После учењето на шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах ги засили неговите раце) рече:

Во продолжение на спомнувањето на животот на асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ќе обрнам внимание на уште двајца асхаби.

Првиот е хазрети Мунзир бин Мухаммед Ансари. Тој му припаѓал на племето Бану Јахјабах. Кога се преселил во Медина, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. воспоставил братство помеѓу хазрети Мунзир бин Мухаммед и хазрети Туфаил бин Харитх. Кога хазрети Зубаир бин Ал-Аввам р.а., хазрети Хатиб бин Еби Балтах и хазрети Абу Саирах бин Еби Рухам се преселиле во Медина тие престојувале во куќата на хазрети Мунзир бин Мухаммед. Хазрети Мунзир учествувал во битката кај Бедр и Ухуд.

Неговата смрт детално е опишана во Сират Хатаман Небијјин, книга чиј автор е хазрети Мирза Башир Ахмад. Во книгата тој пишува:

„Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. пратил група асхаби под водство на Мунзир бин Амр Ансари ин Сафар во четврта година според Хиџра. Повеќето од нив биле Ансари и биле околу 70-мина и скоро сите биле Карис (сите биле добро подучени во Чесниот Кур‘ан). За да преживеат тие деновите ги минувале во собирање на дрвја а ноќите ги минувале во обожавање. Кога овие луѓе стасале до местото наречено Би‘р-и-Ма‘унах, место кое добило име по еден бунар, човек по име харам бин Милхан кој бил дајџа на Анас бин Малик, ја пренел пораката на исламот на Амир бин Туфаил, кој бил главатар на Аамир племето и роднина од таткова страна на Абу Бар Аамир. Останатите асхаби останале зад нив. Кога Харам бин Милхан стасал на состанок со ‘Аамир бин Туфаил и со неговите следбеници, како претставници на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., тие великодушно ги пречекале и тој седнал и почнал да им ја пренесува пораката на исламот. Меѓутоа, неколку злосторници меѓу нив дале сигнал на еден од присутните, и тој овој невин претставник го удрил зад грб со копје и веднаш го усмртил.

Во тој момент зборовите на усните на Харам бин Милхан биле:

’Аллаху Екбер! Фузтул ве раббил каб‘ах (Аллах е Најголем!) Жими Господарот на Каба јас ја постигнав својата цел.‘

Потоа, Амар ги собрал Бену Ри‘л Дхакван и Усајјах од племето Сулаим (истото племе кое од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. барало да им испрати верски учители).

Ја нападнале оваа мала група на беспомошни муслимани и сите ги убиле, освен еден кој бил претепан но подоцна закрепнал.

Во тоа време Мунзир бин Мухаммед и ‘Амр бин Умејјах Данри биле одвоени од групата и ги хранеле своите камили. Кога погледнале кон  кампот, здогледале јата птици кои облетувале над него. Тие ги разбрале знаците на пустината… (кога птиците се спуштат на тој начин значи дека пронашле храна). Веднаш сфатиле дека битката започнала. Кога се вратиле и виделе што се случило седнале и се советувале меѓу себе што да прават. Еден од нив рекол веднаш да избегаат и да го информираат Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. Меѓутоа другиот тоа не го прифатил и рекол:

’Јас не бегам од таму каде што нашиот емир, Мунзир бин ‘Амр, го дал својот живот.‘

Потоа продолжил напред и загинал.“

Ова се случило во четврта година според Хиџра.

Другиот асхаб за кој ќе зборувам е хазрети Хатиб бин Еби Балта‘ах. Тој му припаѓал на племето Лакхм. Имал договор со Бену Асад. Неговата титула била Абу Абдуллах, и исто така е спомнуван како Абу Мухаммед. По потекло е од Јемен.

Асим бин Умар спомнува дека кога Хатиб Бин Аби Балта‘ах и неговиот слуга Са‘д се преселиле од Мека во Медина, и двајцата престојувале кај хазрети Мунзира бин Мухаммед бин ‘Укба. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. воспостави братство помеѓу хазрети Хатиба бин Еби Балта‘ах и хазрети Рукхаил бин Халид.

На едно место се спомнува дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. воспоставил братство помеѓу хазрети Уваим бин Са‘идах и хазрети Хатиба бин Еби Балта‘ах.

Хазрети хатиб бин Еби Балта‘ах учествувал во сите борби со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., вклучувајќи ги битките на Бедр, Ухуд и Хандаку (кај рововите).

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му дал писмо со пораката на исламот и го пратил кај Мукаукис, кралот на Египет.

Хазрети Хатиб бил стрелец на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.

Исто така е спомнато дека во времето на незнаење хазрети Хатиб бин Еби Балта‘ах бил еден од елитните коњаници и бил поет кај Курејшиите.

Некои велат дека хазрети Хатиб бин Еби Балта‘ах бил роб кај ‘Убаидуллах бин Хамид и дека добил слобода од својот газда написмено, и платил износ на денот кога Мека била победена.

Хазрети Умм-и-Салама спомнува дека предлогот за брак кој го примила од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. по смртта на нејзиниот маж го донел Хатиб бин Еби Балта‘ах.

На едно место е спомнато дека хазрети Анас бин Малик слушнал како Хатиба бин Еби Балта‘ах вели:

„На денот на битката кај Ухуд Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се обрна кон мене и тогаш болка можеше да се види на неговото лице. Ова се случуваше кога битката заврши и кога до некоја мера состојбата се подобри. Хазрети Али во своите раце држеше сад со вода и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го миеше лицето со таа вода.

Хазрети Хатиб го праша Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кој тоа му го направил. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рече:

’Утбах бин Еби Ваккас ме удри со камен по лицето‘.“

Хазрети Хатиб спомнува:

„Слушнав глас кој кажуваше дека Мухаммед е убиен. Кога го слушнав тоа тука дојдов во состојба како душата да го напуштила моето тело.“

Потоа го праша Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. каде е ‘Утбах? Чесниот Пратеник с.а.в.с. покажа кон едно место и рече дека е таму. Хазрети Хатиб замина во тој правец. Утбах се сокрил но хазрети Хатиб го нашол и го фатил. Го удрил со својот меч и му ја отсекол главата. Потоа ја земал неговата отсечена глава, неговите работи и неговиот коњ и ги донел пред Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. сето тоа му го дал на хазрети Хатиб и се молел за него.

Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол:

„Нека Аллах биде задоволен со тебе.“

Ова го повторил два пати.

Хазрети Хатиб бин Еби Балта‘ах починал во Медина во 65-та година од животот, во 30-та година според Хиџра. Хазрети Осман ја клањал неговата џеназа.

Останало сведоштво во врска со хазрети Хатиб дека бил со убава става, со светла брада, низок врат, низок раст и широки прсти. Јакуб бин Атбах спомнува дека на денот кога хазрети Хатиб починал оставил 4000 дирхами. Продавал пченица и своето наследство го оставил во Медина.

Нека Аллах џ.ш. ни помогне да ги усвоиме овие високи морални квалитети и нека продолжи да го воздига нивниот статус.

Амин!

Поврзани вести