ГОДИШНИ НАСТАНИ

Освен славењето на муслиманските празници Еидал-Фитр и Еидал-Адха, Ахмади муслиманите исто така присуствуваат на неколку приредби кои се сметаат за религиски празници. Тие настани не се задолжителни ниту е потребно да се слават во точно одреден ден. Најважна религиска приредба на Заедницата е Џалса Салана или Годишна конвенција, која ја покренал мирза Гулам Ахамд, а се работи за годишно собирање на Заедницата со цел за раснење на религиското знаење и поттикнување на хармонијата, пријателството и солидарноста помеѓу членовите на Заедницата.

Останатите приредби се: ’Денот на Чесниот Пратеник‘, ’Денот на Ветениот Месија‘, ’Денот на Ветениот Реформатор‘ и ’Денот на Халифата‘.