Хутби 2020 

Времиња на универзална победа на исламот

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) проучи дел од Чесниот Кур’ан кој гласи:

        „Тие сакаат да го угасат Аллаховото светло со устите свои, но       Аллах секако ќе го усоврши светлото Свое, иако тоа      неверниците го мразат. Он е Тој кој го пратил Својот Пратеник     со упатство и вера во вистинита, да направи таа да превлада      над сите вери, иако тоа многубожците го мразат.“                (61:9-10)

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека денес е 7-ми август, и, според календарот на Џемаатот во Велика Британија, требало би да се одржи првиот ден на Џалса Салана, која не може да се одржи поради моменталната ситуација со пандемијата.

Нека Аллах џ.ш. ги врати нештата во нормала, за да собирите можат повторно да се одржуваат.

Напорите за Џалса Салана да биде емитувана

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека МТА ќе се обиде да ја пополни празнината, повторувајќи ги говорите кои Хузур а.т.б.а. на минато годишната Џалса Салана ги одржал и некои програми ќе одат во живо. Нека овие програми се покажат корисни за Ахмади муслиманите ширум светот. Сите Ахмади муслимани дома би требало да ги изгледаат овие програми.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека наместо да се емитува стариот извештај за напредокот на Џемаатот, би било подобро да се претстави сегашниот. Иако одредени програми поради пандемијата не можеле да се одржаат во текот на годината, Џемаатот сепак продолжил со напредокот. Многумина напишале дека нивото на Тарбијат, или моралниот тренинг, нарочно се подобрил кај децата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека извештајот, кој обично се претставува на вториот ден од Џалса Салана, не може да биде целосно претставен поради недостиг на време. Меѓутоа, сега се укажала прилика и денес ќе биде претставен дел од извештајот, а остатокот ќе се претстави во говор кој во недела ќе биде емитуван во живо.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека пред претставувањето на извештајот ќе претстави извадок од пишувањата на Ветениот Месија а.с. кои се однесуваат на ајетите кои тој ги проучил на почеток на хутба, и во кои јасно се најавува доаѓањето и победата на исламот која е поврзана со неговото доаѓање како Ветениот Месија а.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека настаните кои ќе ги спомне во продолжението на хутбата, во врска со ова, зборуваат сами за себе.

Посадено е Ново Семе

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека со Аллаховата милсот во минатата година, освен во Пакистан, во светот се основани уште 288 нови џемаати, а семето на Ахмадијатот е посадено во 1040 нови места. Сиера Леоне е на прво место, потоа Конго Киншаса и Гана на трето место. 

Локалниот му’аллим од Конго Киншаса му напишал на хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. дека локален свештеник, откако на радиото ја слушнал програмата на Џемаатот, дошол во џамија и поставувал прашања. По добиените одговори и дадениот материјал за проучување, ја сфатил вистината и го прифатил Ахмадијатот. По враќањето во своето село, тој ја пренел пораката и така уште 20 луѓе го прифатиле Ахмадијатот.

Емирот на Џемаатот во Гамбија напишал дека, кога локалниот му’аллим отишол во селото да ја пропагира пораката на исламот еден од тамошните луѓе бил толку среќен што рекол:

„Вие и Заедницата ја праќате вистинската порака и пракса на исламот.“

Како што Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. мигрирал заради ширењето на исламот, така и вие патувате за да ја ширите пораката на исламот. Тогаш, овој старец рекол дека сите треба да ја прифатат оваа порака врзана за имам Мехди, и потоа, две семејства од 19 луѓе го примиле Ахмадијатот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека мисионерот од Либерија му пишувал за својата посета во некое село.

Заминувајќи таму, дознал дека наместо во своето село да го клањаат џума намаз тие оделе во друго село. На прашањето зошто тоа го праваат, тие одговориле дека Имамот рекол дека единствен начин за клањањето на џума намаз во сопствено село е да заколат три кози и месото да му го однесат нему. Локалниот мисионер им рекол дека во исламот не постои такво учење. Така, од еден од локалните членови научил да ја предводи џума намаз за да можат да ја клањаат и да не ги прифаќаат нови работи кои ги создаваат локалните ефендии. На овој начин целото село го прифатило Ахмадијатот.

Мисионерот од Филипини напишал за искуството на група која отишла во некој град да ја проповеда пораката на исламот и Ахмадијатот. Заминувајќи таму, нашле две секти кои не биле во добри односи, но го чекале доаѓањето на Месијата. Групата им дала литература и кога повторно се вратила во селото локалните жители кажале дека читајќи ја литературата за Џемаатот, сфатиле дека тоа е Заедницата Месијата која тие ја чекале.

Мисионерот од Кебабир пишува дека Џемаатот е воспоставен во Ел Халил, место каде што се наоѓа мезар на хазрети Ибрахим а.с., хазрети Исак а.с., хазрети Јакуб а.с. и на членовите на нивните семејства.

Новите Аллахови куќи

Потоа, Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. претстави извештај кој се однесува на изградбата на нови џамии. Со Аллаховата Милсот, во минатата година се изградени 217 нови џамии, од што 24 новоизградени и 93 готови.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. прочита список на земјите во кои се изградени нови џамии кои се наоѓаат на четири континента во светот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. спомна дека во Гватемала е воспоставена нова џамија за прв пат по 31 година, Месџид Нур. Кога биле поставени темелите за џамијата не постоел пат до неа. Постоела само тесна земјена патека која била несигурна. Тогаш, со Аллаховата Милост, бил направен асфалт од 17 милји кој водел до џамијата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Џемаатот во Норвешка добил зграда која порано биа црква и која сега тие ја претвориле во џамија. Пред тоа, Џемаатот купил уште една зграда за да ја направаат џамија, но имало големо противење од страна на локалното население и на тамошната црква. Тоа траело околу две години. Божјата волја била таква што истата црква која му се противела на Џемаатот и го попречувала во воспоставувањето на џамијата повеќе не можела да ја одржува црквата и биле присилени да ја продадат. Локалното собрание предложило црквата да и се продаде на Ахмадија заедницата, и со тоа истата црква била претворена во џамија Месџид Мерјем.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека е отворена и прва џамија во Малава, Мексико, и ако Бог даде, Белизу џамијата наскоро ќе се отвори. 

Емирот на Џемаатот од Танзанија пишува дека, додека ја граделе џамијата, локалните зналци се обидувале на сите можни начини да го попречат градењето. Иако се обидувале не им успеало, гледајќи колку убава џамија се направила локалното население кажувало дека оваа Заедница навистина има поткрепа од Божјата помош.

Нови мисионерски куќи

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека со помошта на Возвишениот Аллах 97 мисионерски куќи се направени ширум светот.

Вакар-и-Амал е клучно обележје на Џемаатот, односно доброволна работа на неговите членови за да се даде помош, не само на Џемаатот, туку у на локалната заедница. Исто така, тие посебно работаат на изградба на џамиите.

Во текот на минатата година во Вакар-и-Амал учествувале 114 земји. Низ доброволниот напор кој траел 41,111 доброволни работни акции, вкупно се сочувани 5.213.000 долари.

Начин на доброволна работа

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ја спомна работата која се извршува преку Ракиим печатот, основан во осум африкански земји, под надзор на Ракиим печат во Велика Британија. Во текот на минатата година Ракиим печат во Велика Британија испечатил преку 360 000 книги.

Една од најистакнатите каракеристики на оваа година е тоа што Џемаатот во Кадијана, по повеќегодишна работа (6-7 години) го печател Чесниот Кур’ан напишан со прекрасен фонт, заедно со одличен повез и вкупен квалитет на печатење. Фонтот се нарекува Кхаат-и-манзуур (Khaat-i-manzuur).

И во иднина копиите на Чесниот Кур’ан, заедно со преводот, ќе бидат печатени со овој фонт.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. спомна дека, и наспроти големите ограничувања и проблеми создадени за Ахмади муслиманите во Пакистан кои се однесуваат на дистрибуција на Чесниот Кур’ан, Семоќниот Аллах во тој поглед отворил многу нови патишта за Џемаатот ширум светот.

Напредок во печатењето

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а.  рече дека во 93 земји вкупно се  објавени 4.256.659 примероци. Тоа вклучува 407 различни книги на 42 различни јазици.

Потоа, наведе разни инциденти кои поттикнуваат на верата и како ширењето на литературата им помогнало на поединци да го препознаат вистинскиот ислам.

Изложби и саем на книги

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека со Аллаховата милост вистинската порака на исламот се пренела на 22.700.000 луѓе со дистрибуција на 9.357.000 брошури.

Понатаму, преку 7.540 изложби одржани ширум светот, 343.000 луѓе ја примило вистинската порака на исламот. Преку 5.000 изложби на книги и саеми на книги ширум светот, 774.000 луѓе ја примиле вистинската порака на исламот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе случки од саемите  на книги во Индија.

Едната од нив била кога некој човек дошол на саем и почнал да крева обвиненија против Чесниот Кур’ан, зборувајќи дека Чесниот Кур’ан повикува на убивање на другите. Му било кажано дека такво учење не постои во Чесниот Кур’ан. Кога ги слушнал некои од одговорите, одлучил да поседи и да разговара за исламот, неколку часа. По таа дискусија рекол дека сè до сега не нашол одговори на прашањата кои го мачеле. Поради тоа, неговата омраза кон исламот растела до таму што дури имал намера да направи телевизиски канал против исламот. Меѓутоа, рекол дека тој ден, по разговорот со Ахмади муслиманите на саемот на книгата, неговата перспектива потполно се сменила. Рекол дека повеќе нема да зборува против исламот и дека ништо против исламот нема да пренесува на својот телевизиски канал.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а.  рече дека со ширењето на литературата, на овој начин, Џемаатот успеал да ја пренесе вистинската порака на исламот и да ги отстрани заблудите, спротивно на постапките на зналците кои ништо не помагаат во ширењето на вистинскта слика и порака на исламот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а., потоа, се наврати на симпозиумот на мирот одржан во Финска, каде присуствувал и дипломат кој порано живеел во Пакистан како амбасадор. На симпозиумот Хузур а.т.б.а ги нагласи сјајните успеси кои Ахмадија заедницата ги постигнала во Пакистан.

Исто така, изрази незадоволство поради обидот за бришањето на историјата која се однесува на др. Абдус Салам, првиот нобеловец муслиман од било која муслиманска држава, само поради тоа што бил Ахмади муслиман, до таа мера што зборот ’муслиман‘ бил избришан.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, без оглед на тоа дали  Ахмади муслиманите зборуваат нешто или не, тие кои се образовани знаат што Ахмади муслиманите направиле за Пакистан и како со нив сега се постапува. Во секој случај, Ахмади муслиманите секогаш ќе му бидат лијални на Пакистан, како што од секогаш биле.

Ако Бог даде, прогонот наскоро ќе престане. Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ре;e дека ова е првиoт дел од извештајот, a другиот дел, ако Бог даде, ќе биде емитуван ширум светот во неделата пред малиот собир кој ќе се одржи тука.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap