ВЕСТИ Хутби 2017 

ВИСТИНСКИОТ КОНЦЕПТ ЗА КХАТАМАН НАБИЈЕЕН

Преводот на овој ајет е следниот:

        „Мухаммед не е татко на ниту еден од луѓето, туку Аллахов   Пратеник и Печат на Веровесниците: а Аллах има добро знаење      за сите работи.“                                                                          (33:41)

Во Пакистан од време на време луѓе кои се наоѓаат на одредени позиции го напаѓаат концептот на Кхатм-е-Набуваат (Khatm-e-Nabuwaat) (Конечност на Пратеништвото) за да ги поттикнат обичните муслимани и да ја зголемат нивната популарност, која всушност опаѓа. Овие таканаречени симпатизери на исламот се обидуваат да го оправдаат своето поттикнување против Ахмади муслиманите во името на ’честа на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.‘. За да постигнат јавна популарност различни политички партии ја наведуваат јавноста против Ахмади муслиманите за да ги унапредат своите политички планови и интереси. Ахамди муслиманите се мета на овие политички водачи. Што се однесува до Ахмадија муслиманската заедница ние, ниту баравме помош од странските сили да ни дадат статус на ’муслимани‘ пред законот и уставот, ниту било која Пакистанска влада ја молевме за тоа. Нам не ни е потребен сертификат од било какво собрание и влада за да се нарекуваме муслимани. Ние себе си се нарекуваме муслимани.

Ние себе си се нарекуваме муслимани затоа што сме муслимани. Возвишениот Аллах џ.ш. и Неговиот Чесен Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не прогласија за муслимани. Ние ја изговараме Калима (изјава за вера):

’Не постои никој вреден за обожавање освен Аллах и Мухаммед е Неговиот Пратеник.‘

Ние веруваме во секој столб на исламот и во секој дел од верата. Веруваме во Чесниот Кур‘ан и во тоа дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е Кхатамун Набијеен, како што тоа Возвишениот Аллах го кажал во Чесниот Кур‘ан, што веќе претходно го проучив. Ние имаме цврсто верување дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е Кхатамун Набијеен.

Всушност, Ветениот Месија а.с. во многу прилики јасно и неброено пати пишувал дека оној кој го негира концептот на Кхатм-е-Набуваат (Khatm-e-Nabuwaat) (Конечност на Пратеништвото) не е религиозен и е надвор од исламот. Тој не е ниту Ахмад ниту муслиман. Значи, овие немири кои ги создаваат против нас и овие наводи кои ги изговараат против нас како ние го негираме концептот на Кхатм-е-Набуваат (Khatm-e-Nabuwaat) и како, не дај Боже, не веруваме во Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. како Кхатамун Набијеен, е исклучителен прекршок.

Во една од своите хутби, хазрети Халифа-тул Месих II р.а. рекол дека против нас се кренати вакви оптужби на кои ние одговараме дека се неточни зборувајќи им дека ние не го одбиваме концептот на Кхатм-е-Набуваат (Khatm-e-Nabuwaat) (Конечност на Пратеништвото) бидејќи го читаме Чесниот Кур‘ан кој кажува дека Чесниот Пратеник е Кхатамун Набијеен.

Всушност, зналците од други држави, под влијанието на овие таканаречени зналци од Пакистан, зборуваат дека ние, не дај Боже, не веруваме во Чесниот Кур‘ан и дека објавите на Мирза сахиб ги сметаме за супериорни во однос на Чесниот Кур‘ан. Значи, кога Арапите ја откриле самата вистина и влегле во Ахмадијатот давајќи баи‘ат, ни кажаа дека кога ги прашале нивните зналци за нивното мислење за Ахамдијатот тие им кажале дека Ахмади муслиманите не веруваат во Чесниот Кур‘ан, дека направиле некој друг Кур‘ан и книга, дека не веруваат во Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. како последен пратеник, туку веруваат дека Мирза сахиб е последен пратеник, дека нивниот аџилак е поинаков, не одат на аџилак, имаат друга кибла (правец на молитвата) и не клањаат пред Ка’ба (Божјата куќа во Мека). Луѓето кои го примија Ахмадијатот рекоа дека сето тоа го истражиле и им станале очигледни лагите на овие таканаречени зналци. Така, зборувајќи лага овие оџи на некој начин направиле таблигх за нас.

Ние категорички и апсолутно веруваме дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е Кхатамун Набијеен. Ние веруваме дека Чесниот Кур‘ан и Ветениот Месија а.с. се фонтана на сите доблести и изјавуваме дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е Кхатамун Набијеен.

 

Една од објавите на Ветениот Месија а.с. е:

„Секоја доблест се наоѓа во Чесниот Кур‘ан.“

Слично на тоа Ветениот Месија а.с. рекол дека на оние кои му укажуваат чест на Чесниот Кур‘ан ќе им биде дадена чест во рајот. Објавите на Ветениот Месија а.с. се подредени на     Чесниот Кур‘ан. Тие немаат никаков независен статус. Исто така, постои голем број на извадоци од Ветениот Месија а.с. кои се однесуваат на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. како Кхатамун Набијеен.

Освен ова, постои објава каде оваа фраза на Кхатамун Набијеен е точно употребена.

Понатаму, Ветениот Месија а.с. во својата книга Тајаллијат Илахијјах (Tajalliyat Ilahiyyah) (Божјите манифестации) пишува:

„Ако јас не бев дел од умметот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и ако не бев неговиот следбеник, моите дела дури и да се големи како планини јас немаше да ја добијам оваа чест на Божествената комуникација. Ова е поради фактот дека сега, освен пратеништвото на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., секое друго пратеништво завршило.

На тој начин Ветениот Месија а.с. исто така му бил подреден на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. И неговите објави исто така се подредени и разработени во Чесниот Кур‘ан. Ако ние, не дај Боже, објавите на Ветениот Месија а.с. ги сметаме за супериорни во однос на Чесниот Кур‘ан, тогаш зошто ние денес даваме толку многу за објавување на преводот на Чесниот Кур‘ан.

Наместо тоа би требало да ги објавуваме објавите на Ветениот Месија а.с.. До сега, преводот на Чесниот Кур‘ан е завршен и објавен на 75 јазици, и се уште работиме на превод на други јазици што наскоро и ќе го објавиме, инш Аллах. Големите муслимански влади и богатите организации треба да кажат на колку јазици тие го објавиле превод на Чесниот Кур‘ан.

Ние, Ахмади муслиманите го разбираме вистинското значење и го разбираме духот на Кхатамун Набијеен, и Ахмади муслиманите се тие кои во разни држави во светот и на нивниот јазик ја објавуваат изјавата на Семоќниот Бог дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е Кхатамун Набијеен. Наспроти тоа, овие луѓе изнесуваат тврдења дека Ахмади муслиманите, не дај Боже, го негираат концептот на Кхатм-е-Набуваат (Khatm-e-Nabuwaat). Ветениот Месија а.с. не подучил на такво разбирање и сфаќање на Кхатм-е-Набуваат (Khatm-e-Nabuwaat), до кое овие луѓе кои изјавуваат дека се чувари на Кхатм-е-Набуваат (Khatm-e-Nabuwaat), не можат ниту да му се доближат.

Ветениот Месија а.с. на еден собир кажал:

„Запомнете дека овие обвиненија изнесени против мене и мојот Џемаат – како ние не веруваме дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е Кхатам-ул-Набијиин – е тешка измислица против нас. Уверувањето, сознанието и сфаќањето со кои ние веруваме дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е Кхатам-ул-Набијиин, другите ниту во најмал дел не веруваат во тоа, ниту се во состојба да веруваат.“

Додека ја објаснувал вистинската суштина на Кхатм-е-Набуваат (Khatm-e-Nabuwaat), Ветениот Месија а.с. рекол:

„Бог ни пратил таков Пратеник с.а.в.с. кој е Печат на верниците, Печат на побожните луѓе и Печат на пратениците, и нему му ја пратил оваа книга која е најсовршена книга и Печат на сите свети книги. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кој е Печат на Пратеништвото, од Адем а.с. до Иса а.с., синот на Мерјем, сите заедно се собрани во Личноста на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Така, ние сметаме дека тој на овој начин бил Кхатам-ул-Набијиин. И токму како што Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е Кхатам-ул-Набијиин (Печат на Пратеништвото) така сите различни учења на различни религии и разни предупредувања (повици) биле усовршени во Чесниот Кур‘ан, и така Чесниот Кур‘ан станал Кхатам-ул-Кутуб.“

Додека детално излага за значењето на Кхатам-ул-Набијиин, Ветениот Месија а.с. на едно место вели:

„Јас повторно сакам да потврдам дека принципот кој го означува Кхатам-ул-Набијиин и одликите на пратеништво кое започнува со Адем а.с. го наоѓаат своето совршенство во Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и ова е од очигледно значење. Другото значење е дека кругот на извонредности на пратеништвото биле надополнети со доаѓањето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Потполна вистина е дека Чесниот Кур‘ан ги усовршил сите претходни учења кои биле непотполни и на тој начин пратеништвото го досегнало своето совршенство.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Печат на Пратеништвото е еден од знаците на пратеништвото на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..“

„Фактот дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е Кхатам-ул-Набијиин (Печат на Пратеништвото) е еден од неговите знаци за да секој муслиман верува во тоа.“

Како што веќе спомнав, ако некој не верува во Кхатм-е-Набуваат (Khatm-e-Nabuwaat) (Конечност на Пратеништвото) тогаш Ветениот Месија а.с. вели дека таквата личност не е муслиман и е надвор од исламот.

Потврдувајќи ја вистинската положба на називот Кхатам-ул-Набијиин, и угледот на исламот и неговата супериорност над другите религии, Ветениот Месија а.с. вели:

„Кога аргументите и мудроста го достигнат својот врв, го добиваат име Кхатм-е-Набуваат (Khatm-e-Nabuwaat) (Конечност на Пратеништвото). Надвор од ова, оние кои не критикуваат не се ништо помалку од атеисти.“

Ветениот Месија а.с. вели.

„Од Арапите се воздигнала месечина која ќе осветли секоја нација и ќе фрли светлина на секоја религија.“

Ова е положбата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дека тој ќе ја осветли секоја нација и секој град, и неговата светлина ќе стаса до секој агол на секоја област.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Само Чесниот Кур‘ан ја има честа да успее и да превлада над сите религии на светот во поглед на Тевхид (Божјото Единство) и Пратеништвото.“

Доказите и аргументите претставени во Чесниот Кур‘ан во поглед на Тевхид и Пратеништвото се такви што не биле дадени на ниту една друга религија. Според тоа, ова за возврат значи дека верата била усовршена и дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил Печат на Пратеништвото.

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Вистинска чест е што таква Книга им била дадена на муслиманите.“

Слично на тоа, ако не се случило доаѓањето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тогаш моралот, чудата и духовните моќи на претходните пратеници би биле критикувани. Но, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дошол и ги прогласил за чисти.

Така ова е стварноста на Кхатм-е-Набуваат (Khatm-e-Nabuwaat) (Конечност на Пратеништвото) која Ветениот Месија а.с. ни ја објаснил. Ова било работа на Ветениот Месија а.с. и преку неговото знаење и обука Ахмадија заедницата тоа го продолжува. Сепак, наспроти сето тоа, во нивните очи (на противниците) ние сме неверници, а тие се верници.

Што се однесува до вистинската природа на неговото тврдење, Ветениот Месија а.с. објаснува и вели:

„Трагачот по вистината треба да има на ум дека во било кои околности овој скромен роб никогаш не го тврдел пратеништво или следбеништво. Освен тоа, зарем употребата на такви зборови во секој говор, со нивното доследно значење кое обично се наоѓа во лексиконите, не се знаци на кривоверство? Затоа, јас не сакам ова да го правам бидејќи постои можност обичните муслимани да бидат измамени. Наспроти тоа, јас не сум во состојба да се воздржам, на темелот на она што ми е наредено да го кажам во овој говор и разговор со кој Семоќниот Бог ме благословил, во кој зборовите ’пратеништво‘ и ’следбеништво‘ во изобилство се употребени. (Бидејќи Семоќниот Бог ги употребил овие зборови јас не можам да ги скријам). Јас постојано зборувам дека зборовите ’Пратеник‘ и ’Веровесник‘ се употребени во овие објави кои се однесуваат на мене, не треба да се подразбираат во вистинска употреба за зборовите. Во стварноста јас сведочам со целата моја моќ дека нашиот Чесен Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е Печат на Пратеништвото и дека по него нема да дојде пратеник, ниту нов, ниту стар.“

Хузур а.т.б.а. од пишувањето на Ветениот Месија а.с. изнесе и многу други наводи кои  вдахнуваат со вера а кои детално го објаснуваат концепт на Кхатм-е-Набуваат (Khatm-e-Nabuwaat) (Конечност на Пратеништвото) – дека тоа значи како сите извонредности го достигнале во ликот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., кој е највисоко меѓу сите пратеници и веровесници на Семоќниот Бог.

Ветениот Месија а.с. во безброј прилики го објаснил вистинското значење на Кхатм-е-Набуваат (Khatm-e-Nabuwaat) (Конечност на Пратеништвото) и неговата вистинска положба, како и својата положба во поглед на ова. На едно место тој вели:

„Во термините на световните примери ние можеме да наведеме пример дека Кхатм-е-Набуваат (Khatm-e-Nabuwaat) (Конечност на Пратеништвото) е како месечина која започнува во форма на срп и постепено го досегнува својот совршен стадиум четиринаесет дена подоцна, кога за неа се зборува како Бедр. Слично на тоа, извонредностите и одликите го достигнале своето совршенство во Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..“

Во врска со Пакистанското (национално) собрание и со промената на таа институција, неколку дена откако било одлучено, еден член на Парламентот непотребно жестоко се обратил. Неговиот говор не бил наменет само да ја потпали лажната чест на членовите на собранието, туку бил настојување да ја разјари широката јавност и да предизвика вознемирување ширум земјата за да луѓето станат против Ахмади муслиманите. Расправата против тоа да едно одделение на Универзитет за физика се нарече по професорот Абдул Селам воопшто не нè загрижува нас, Ахамди муслиманите. Ако Пакистанското Собрание сака да го промени тој назив тие тоа можат да го направат.

Другото обвинение изнесено против Ахамди муслиманите е тоа дека тие не и служат на својата земја и дека не му се верни на народот. Меѓутоа, јас со полно уверување можам да кажам дека денес единствено Ахмади муслиманите го следат учењето ’Хубул Ватни минал Иман‘ – односно (дека верноста кон својата земја е дел од верата) и така ѝ се однесуваат. Тие се подготвени да го жртвуваат својот живот и богатство, и сега така прават и се однесуваат. Ние не зборуваме само за да ги унапредиме своите политички планови, ниту имаме било каква врска со политичарите. Ние сме подготвени да го жртвуваме својот живот за својата вера. Ние со целото срце веруваме дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е Печат на Пратеништвото. Со цел да ја заштитиме својата чест, подготвени сме да дадеме било каква жртва, и ова е нешто што ние го спроведуваме, и ако Бог даде, ќе продолжиме да ги правиме овие жртви. Должноста на секој Ахмади муслиман кој живее во Пакистан е да прави дови за оваа земја во која Ахмади муслиманите од почеток давале жртва, нека Семоќниот Бог не заштити и нека Он не заштити од угнетувачите и тираните и егоистичните свештеници (на улемата). Нека Пакистан биде вбројан меѓу слободните и цивилизирани земји во светот.

Поврзани вести