ВЕСТИ 

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА

Претходно денес, од личниот секретар беше доставена порака од Хазрети Мирза Масроор Ахмад, со која се известуваат членовите на Ахмадија Муслиманската Заедница, за здравјето на Неговата Светост по неодамнешниот пад.

Повредата значеше дека Неговата Светост не може да ја испорача неделната петочна проповед, што нормално се емитува во живо на МТА Интернационал. Пораката од Хазрети Мирза Масроор Ахмад која ја прочита неговиот секретар, беше проследена со медицински извештај за здравјето на Неговата Светост и беше емитувани на МТА Интернационал.

Во пораката на Неговата Светост за членовите на Ахмадија Муслиманската Заедница, Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

„Со жалење Ве известувам дека денес нема да можам да ја испорачам петочната проповед. Тоа е затоа што во последните неколку дена, додека одев во дворот на мојот дом, стопалото ми нагази на влаѓно место и се лизнав. Поради ова, паднав на тврда површина што се одрази со значителна повреда на носот и челото. Затоа е тешко да се испорача петочната проповед. Понатаму, лекарот ме советуваше да се одморам. Се молам на Семоќниот Алах целосно да се опоравам, за да ја испорачам Проповедта во петок следната недела.“

Неговата Светост ги повика Ахмади муслиманите ширум светот да ги зголемат своите богослужби и молитви за време на последните денови од блажениот месец Рамазан.

Особено, Неговата Светост зборуваше за прогонот со кој се соочуваат муслиманите Ахмади во Пакистан и забележа како неодамна се забележува зголемување на ширењето на омраза и дезинформации како на телевизија така и на социјалните медиуми, насочени кон муслиманите Ахмади.

Во својата порака, Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

„Во Пакистан деновиве политичарите и медиумите значително го засилија своето спротивставување и непријателство кон Ахмадија Муслиманската Заедница. Тие играат политика во име на Алах Семоќниот и Неговиот гласник, Печатот на пророците, Светиот пророк Мухамед, нека е мирот и благословите над него. Ахмади муслиманите се посебно поставени како мета на овие напади. Аллах Семоќниот нека ја заштити целата земја и Ахмадија Муслиманската Заедница од штетните влијанија на овие политички игри.“

Хазрети Мирза Масроор Ахмад понатаму изјави:

„Како и да е, наша должност е да одговориме на овие напади со молитви и со поднесување пред Аллах Семоќниот. За време на овие последни десет дена од Рамазан, поклонете се во молитва пред Семоќниот Аллах уште повеќе од порано. Молете се и молете го Аллах Семоќниот со смирение за да ви ја даде Неговата милост и благодат. Нека Аллах Семоќниот му овозможи на секој Ахмади муслиман да постапува согласно тоа, Амин.“

После пораката, беше презентиран медицински извештај за повредите, во кој стои дека од благодатта на Аллах Семоќниот повредите што биле здобиени на колената и на челото „сите се површни и нема длабока повреда“. Се очекува целосно закрепнување и Неговата Светост може да се движи без многу болка според извештајот.

Нека Аллах Семоќниот му додели на Неовата Светост целосно и брзо закрепнување и да му даде долг и здрав живот. Амин

Поврзани вести