ВЕСТИ Хутби 2020 

Асхабите на Чесниот Пратеник с.а.в.с.

По проучениот шехадет, ша’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека поради моменталната ситуација и согласно со законите во земјата не било можно да се одржи хутба во џамија. Без оглед на тоа дали се физички присутни или не, стотици илјади луѓе ја слушале оваа хутба, и тоа е важно за одржување на единството. Молете се околностите наскоро да се сменат и нашите џамии повторно да се исполнат.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека пред две недели зборувал за животот на хазрети Талха бин Убаидуллах р.а., асхабот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кој учествувал во битката на Бедр. Хазрети Талха р.а. исто така учествувал и во битката на Ѓамал (Битката на камили).

Хузур а.т.б.а. рече дека во претходната хутба спомнал дека ќе даде повеќе детали за битката на Ѓамал.

Хузур а.т.б.а. потоа објасни дека хазрети Омер р.а (вториот Халифа) по Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. основал одбор за избор на халифа кој ќе ги предводи муслиманите по неговата смрт, а потоа опишал како се одвивал изборниот процес во текот на изборот на хазрети Осман р.а..

Откако хазрети Осман р.а. бил избран за Халифа, хазрети Талха бин Убаидуллах р.а. земал баи’ат (заклетва) на неговата рака. Кога хазрети Осман р.а. станал шехид, хазрети Али р.а. е избран за Халифа.

Покрај хазрети Зубаир р.а. и хазрети Ајша р.а, хазрети Талха бин Убаидуллах р.а. исто така земал баи’ат од хазрети Али р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. тоа детално го појаснил од пишувањето на Муслех Мауд р.а. хазрети Талха бин Убидуллах р.а. и хазрети Зубаир биле Ашра Мубашра (меѓу десетте асхаби на кои им била објавена радосна вест дека ќе влезат во Џеннет).

По смртта на хазрети Осман р.а., хазрети Али р.а. го прифатил баи’атот по одобрувањето од одборот кој бил составен од оние асхаби кои учествувале во битката на Бедр.

Некои итри лицемери, кои биле дел од група која ја предводил Абдуллах бин Саба кој правел сплетки и го убил хазрети Осман р.а., исто така земале баи’ат од хазрети Али р.а. Тоа довело до приговори од одредени луѓе дека хазрети Али р.а. бил соучесник во убиството на хазрети Осман р.а.. Одредени луѓе отишле во Мека да ја видат хазрети Ајша р.а., Тие ја советувале дека треба да се освети за смртта на хазрети Осман р.а. и дека треба да прогласи џихад. Хазрети Ајша р.а. се согласила со тоа и ги повикала асхабите да и се придружат во џихад.

Хазрети Талха р.а. и хазрети Зубаир р.а. земале баи’ат од хазрети Али р.а. со мисла дека смртта на хазрети Осман р.а. наскоро ќе биде осветена. Меѓутоа, хазрети Талха р.а. и хазрети Зубаир р.а. зборот ’наскоро6 го толкувале поинаку од хазрети Али р.а.. Хазрети Али р.а. сакал сето тоа да се смири и владеењето на законот да се зацврсти пред бунтовниците да бидат казнети. Според неговото мислење со тоа би се избегнало крвопролевање.

Додека хазрети Али р.а. имал сомнежи кон некои итри лицемери кои биле вмешани во завера и биле причина за смртта на хазрети Осман р.а. некои други асхаби имале сомнежи во врска со него поради истите луѓе. Тоа го натерало хазрети Талха р.а. и хазрети Зубаир р.а. да сметаат дека хазрети Али р.а. не го одржал ветувањето. Тие се здружиле со хазрети Ајша р.а. и отпатувале во Басра каде и другите членови им се придружиле. Потоа, хазрети Али р.а. исто така собрал трупи и отпатувал во Басра.

Хазрети Али р.а. пратил амбасадор првин кај хазрети Ајша р.а., а потоа кај хазрети Зубаир р.а. и хазрети Талха р.а., и побарал мислење од нив. Тое кажале дека сакаат ситуацијата да се подобри. По меѓусебна расправија, било договорено дека најдобар начин на делување е прекин на понатамошните немири и воспоставување на законот за да сторителите  можат да се казнат.  

Кога вестите за овој договор стасале до лицемерите во двата табора, кои биле следбеници на Абдуллах бин Саба, кои го убиле хазрети Осман р.а., тие одржале таен состанок и сфатиле дека помирувањето на двете страни кај муслиманите ќе доведе до тоа тие да одговараат за убиство на хазрети Осман р.а. Потоа, за да се спасат решиле дека сè ќе направат битката меѓу муслиманите да продолжи.

Хазрети Али р.а. категорично одбил дека имал било каква поврзаност со убиството на хазрети Осман р.а. и рекол дека ги проколнал луѓето кои биле вклучени во тој грдиот чин. Хазрети Али р.а. го потсетил хазрети Зубаир р.а. дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. претскажал оти во иднина ќе има големи несогласувања помеѓу нив двајцата и дека во тој случај хазрети Али р.а. ќе се наоѓа на вистинската страна. Хазрети Зубаир р.а веднаш ја сфатил својата грешка и се повлекол од битката.

Лицемерите во двата табора, кои биле следбеници на Абдуллах Бин Саба, ги нападнале муслиманите во другиот логор и битката започнала. Хазрети Али р.а. ја повикал хазрети Ајша р.а. да помогне во прекин на немирите. Лицемерите го убиле хазрети Зубаир р.а. додека извршувал намаз, а еден од нив го убил и хазрети Талха р.а.. Лицемерите ја нападнале камилата на хазрети Ајша р.а. и битката завршила дури кога нејзината камила била повредена.

Асхабите немале никаква врска со оваа војна. Тоа била сплетка и акција на лицемерите кои создале немир, збрки и крвопролевање. Тоа биле луѓе кои го убиле Осман р.а..

И хазрети Зубаир р.а и хазрети Талха р.а. станале шехиди додека биле под баи’ат на хазрети Али р.а.. Хазрети Али р.а. ги чувал сите работи на хазрети Талха р.а. и подоцна ги дал на неговиот син. Хазрети Али р.а. бил многу тажен кога хазрети Талха р.а. и хазрети Зубаир р.а. станале шехиди.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. потоа прочита дел од Ветениот Месија а.с. во кој тој кажува дека во деновите на епидемија домовите треба да се оджуваат чисти и да се проветруваат. Треба да се преземаат сигурносни мерки на претпазливост.

Советуваше еднаш да се клања тахаџуд намаз пред сабах, да се бара проштавање и реформа и да се предаваат на Возвишениот Аллах. Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. советуваше да се користат џош стапчиња (темјан) за прочистување на воздухот, да се користи антисептички спреј и да се следат националните упатства. Хазрети Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Возвишениот Аллах да ги заштити сите Ахмади од ова и да им овозможи посебно да се насочат кон молитвите. Амин

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap