Хутби 2020 

Асхабите на Чесниот Пратеник с.а.в.с.

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) продолжи да зборува за животот и делото хазрети Са’ад бин Муаз р.а..

Хузур а.т.б.а., како што спомна и во претходната хутба, кажа дека после битката Ахзаб, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. добил Божја наредба да крене кон Бену Куреиз племето и да пресуди за нивното предавство.

Предавството на Бену Куреиз

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а., според пишувањата на хазрети Мирза Башир-уд-Дин, ги наведе случувањата кои се однесуваат на однесувањето на членовите на племето Бену Куреиз.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го пратил хазрети Аја р.а. да ги предупреди членовите на племето и да им обрне внимание за нивното предавство. Меѓутоа, наместо да ја прифатат својата грешка и да покажат изрази на каење тие почнале непристојно да зборуваат за жените на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Али р.а. се вратил од таму и го известил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. за случувањата во племето. После тоа, хазрети Али р.а. заедно со други муслимани тргнале накај дворецот на племето Бену Куреиз, го опколиле и го окупирале.

Конечно, кога виделе дека ситуацијата е сериозна и дека не постои друг начин на спас, тие пратиле вест дека сакаат да го информираат Абу Лубаба р.а. да преговара за нивното предавство. Абу Лубаба р.а. отишол кај нив, ги повикал да се предадат и да го прифатат Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Меѓутоа, ти ги одбиле предлозите. Наместо тоа, тие кажале дека, место Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да одлучи за нивната судбина, тоа треба да го направи хазрети Са’ад бин Му’аз р.а., водачот на племето Аус кое им било сојузник.

Иако меѓу членовите на племето било и такви кои сметале дека спогодбата со муслиманите треба да се прифати, поголемиот дел од членовите на Бену Куреиз не можеле да поднесат и да прифатат Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да има било каква власт над нив. Надевајќи се на неговата попустливост тие инсистирале на тоа, каква и да биде нивната судбина, за тоа да одлучи хазрети Са’ад бин Му’аз р.а..

Некои од членовите на племето Аус пробале да го уверат хазрети Са’ад бин Му’аз р.а. да биде милостив и да изрече помала казна за племето Бену Куреиз бидејќи биле нивни сојузници, меѓутоа, хазрети Са’д бин Му’аз р.а. не подлегнал под ничие влијание и рекол дека одлуката треба да ја донесе оној на кого му била доверена.

Пресудата на хазрети Саад бин Муаз р.а. во врска со Бену Куреиз

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе дека хазрети Са’ад бин Му’аз р.а. најпрво се погрижил за сите присутни, Аус, Бену Куреиз и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., сите да ја прифатат неговата одлука, на што сите заедно се согласиле. Потоа, ја изнел својата одлука која била донесена врз основа на следното библиско учење:

„Кога тргнете да нападнете град, треба да им понудите мир на луѓето. Ако тие прифатат и ја отворат својата порта, луѓето во градот ќе бидат изложени на присилна работа и ќе работата за вас. Ако одбијат мир и влезат во битка со вас, тогаш, опседнете го тој град.

Кога Господ, вашиот Бог, тоа ви го дозволи, ставете меч на сите луѓе во гардот. Што се однесува до жените, децата, стоката и сè друго останато во гардот, тоа можете да го оставите како ваш плен. Тој плен можете да го користите кој бог ви го дал од вашите непријатели.

Вака треба да се однесувате кон сите градови кои се оддалечени од вас и не им припаѓаат на народите кои се во ваша близина.

Меѓутоа, во градовите на народите кои ви ги дава Господ, вашиот Бог, во наследство не оставајте ништо што дише. Уништете ги потполно – Хетити, Аморити, Перизити, Хивити и Јевусејци – како што ви наредил Господ Бог. Во спротивно, Ќе ве научат да ги следите сите грозни работи кои тие ги чинат при обожувањето на своите богови, а вие ќе бидете грешни кон Господ, својот Бог.“

(Повторени закони, 20: 10-18)

Значи, согледувајќи дека членовите на племето Бену Куреиз не биле подготвени да ја прифатат одлуката на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. која била донесена според исламското учење, а што би предизвикало нивно протерување од Медина, хазрети Са’ад бин Му’аз р.а. својата одлука ја донел врз основа на одлуката на Муса а.с. која ја донел за такви ситуации.

Всушност, таа одлука не ја донел Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Некои луѓе тврдат дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. одредил исклучително остра казна.

Но, како што кажува историјата, одлуката ја донел лично хазрети Са’ад бин Му’аз р.а.. (Пред донесувањето на својата одлука, со сите вклучени страни, вклучувајќи го и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., потврдил дека сите ќе бидат согласни со одлуката која тој ќе ја донесе.)

Впрочем, одлуката не ја донел самиот хазрети Са’ад бин Му’аз р.а., туку тој го прифатил она што веќе Муса а.с. го донел.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека фактот што членовите на племето Бену Куреиз инсистирале на тоа хазрети Са’ад бин Му’аз р.а. да биде тој што ќе одлучува за нивната судбина и фактот дека хазрети Са’ад бин Му’аз р.а. договорил со сите дека неговата одлука, каква и да е, ќе биде прифатена од сите, а и самата одлука била подржана од Аллаховата волја.

По враќањето, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја изразил својата тага поради таквиот развој на настаните велејќи дека, ако би го прифатиле макар и десетина членови на Бену Куреиз, на крај, со тек на време, ќе го прифатела целата нација на Бену Куреиз.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не бил одговорен за казната од Бену Куреиз

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. наредил, кога казните ќе се извршуваат над оние кои се бореле од Бену Куреиз, секој посебно треба да се донесе одвоено за казните да не се извршуваат едни пред други. На тоа присуствувал и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. лично, и во случај некој од оние кои треба да бидат погубени упати молба за опростување, тој можел да го сослуша и да ја прифати молбата доколку заслужува.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. повторно појасни некои детали кои се однесуваат на овој настан, поточно, дека таа одлука не била донесена од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. туку од хазрети Са’ад бин Му’аз р.а.. Дека таа одлука не може да се смета за неправедна во однос на тоа како се одвивале настаните. Потоа, хазрети Са’ад бин Му’аз р.а. потврдил дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја прифатил неговата одлука, и дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. прифатил дека нема право да се меша за тоа каква одлука ќе биде донесена.

Понатаму, прифаќајќи ја одлуката, каква и да е, која била донесена од хазрети Са’ад бин Му’аз р.а., евреите, членови на племето Бену Куреиз, не вложиле приговор на одлуката донесена од хазрети Са’ад бин Му’аз р.а..

Исто така, мора да се спомне дека, кога и да се упател апел да се поштеди животот на некој од членовите на Бену Куреиз кој требало да биде погубен, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го прифаќал, всушност, би наредувал не само да не биде погубен туку и да му се врати семејството и неговиот имот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. додаде дека, дури и оријенталистот Марголиоутх, која на ниеден начин не може да се смета како застапник на исламот, немал друг избор освен да изјави дека, со оглед на развојот на настаните кои се претвориле во предавство на членовите на племето Бену Куреиз, донесената одлука која се однесувала на нивните судбини не може да се смета за остра и ригорозна.  

Значи, одлуката која ја донел хазрети Са’ад бин Му’аз р.а. била праведна, а благодарение на спогодбата сите да ја прифатат одлуката  на хазрети Са’ад бин Му’аз р.а., на што инсистирале членовите на Бену Куреиз, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во таква ситуација немал никако влијание на донесувањето на таквата одлука.

Еден од условите на договорот кој го прекршиле членовите на племето Бену Куреиз е тој што во случај на кршење на договорот пресудата ќе биде донесена според нивното свето писмо. Одлуката која ја донел хазрети Са’ад бин Му’аз р.а. била точно во согласност со учењето на Тевратот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека други детали од животот на хазрети Са’ад бин Му’аз р.а. ќе бидат спомнати во следната хутба.

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. спомна неколку членови на Заедницата кои преминале неодамна.

Хаџи Рукајја Халид сахиба починала на 30 јуни. Била Садр Лајна од Гана. Оздравела од рак на матката и здравјето значително и се подобрило, но тоа не траело долго и здравјето сè помалку ја служело и на крајот довело до нејзина смрт.

По професија била учителка. Предано ги подучувала учениците и дури некои ученици ги учела бесплатно. Била многу побожна и имала блиска врска со Халифатот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше за неа и за нејзиното потомство да ги продолжи нејзините добри дела.

Сафијја Бегхум сахиба починала на 27 јуни. Била сопруга на рахметли шеик Мубарак Ахмад сахиб, кој бил мисионер на Ахмадија муслиманската заедница. Била ќерка на хазрети Кази Абдус Салаам Бхатти сахиб, асхаб на Ветениот Месија а.с..

Имала близок однос кон Халифатот, и тој однос го всадила и кај нејзиното потомство, од кои многумина од нив станале вакф-и-зиндаги во Заедницата.

Исклучително ја подржувала работата на својот сопруг како мисионер, без оглед на тоа каде тој ја извршувал мисијата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. спомна дека е мал бројот на мисионерски жени кои го подржувале својот сопруг во таа работа како што била она.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека нејзината поврзаност со Халифатот била единствена и ретко повторлива.

Али Ахмад починал на 18 јуни. Неговиот татко, Миан Аллах Дитта сахиб р.а. бил асхаб на Ветениот месија а.с.. Бил вакф-и-зиндаги кој случел на неколку места. Бил примерен мисионер.

Рафик Биби сахиба починала на 22 мај. Била многу побожна и редовна во своите молитви. Истите навики на побожност и молитвеност ги пренела на своето потомство. Била многу горда на фактот дека нејзиниот син и нејзините внуци биле мисионери.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. кажа дека нејзиниот син моментално служи во Танзанија и дека не можел да се врати дома да присуствува на нејзината џеназа, и се молеше на Аллах џ.ш. да му подари трпеливост. Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а.  рече дека после џума намаз ќе клања џеназа и за оние починати за кои зборуваше бидејќи нивната џеназа не можела да биде одржана поради пандемијата.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap