Хутби 2020 

Асхабите на Чесниот Пратеник с.а.в.с.

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) продолжи да зборува за животот и делото на хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а., а после тоа говореше за хазрети Са’ад бин Муаз р.а..

Хазрети Абдур Рахман бин Ауф р.а.

Великодушност и финансиско помагање

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а. бил познат по својата велиодушност и финансиско жртвување. Се спомнува дека хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а. зад себе оставил тестамент во кој стои дека сите асхаби кои учествувале во битката на Бедр треба да добијат по 400 динари. Во времето кога тоа е исполнето биле живи 100 асхаби.

Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. наредил експедиција да замине за Табук ги поттикнал богатите луѓе да трошат на Аллаховиот пат и да осигурат превозни средства за експедицијата.

Хазрети Абу Бакр р.а. бил првиот кој го донел сет свое богатство. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го прашал хазрети Абу Бакр р.а. дали оставил нешто са себе и за своето семејство. Хазрети Абу Бакр р.а. одговорил дека го оставил Аллах џ.ш. и Чесниот Пратеник с.а.в.с. за нив. 

Хазрети Омер р.а. донел половина од својот имот. Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го прашал хазрети Омер р.а. дали нешто оставил за себе и за семејството, тој му одговорил дека за семејството оставил половина дел од имотот што го поседувал.

Хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а. за таа цел донирал 4.000 дирхеми.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека хазрети Осман р.а. и хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а. се Аллахово богатство на земјата, и дека трошат на Аллахвиот пат за да го постигнат Неговото задоволство.

Во една прилика хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а. потрошил половина од своето богатство, а тоа било 4.000 дирхеми, на Аллаховиот пат. Во друга прилика хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а. подарил 40.000 дирхеми, а во друга ситуација потрошил уште 40.000 динари на Аллаховиот пат. Во друг случај подарил 5-7 коњи на Аллаховиот пат, а после тоа понудил 500 камили на Аллаховиот пат.

Хазрети Саад бин Муаз р.а.

Другиот асхаб за кој зборуваше хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач), кој бил поглавар на племето Аус , се вика хазрети Са’ад бин Муаз р.а..

Премин во исламот

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) зборуваше како хазрети Са’ад бин Муаз р.а. го прифатил исламот. Ова детално е опишано во книгата „Животот и карактерот на Печатот на Пратениците“, која ја напишал хазрети Мирза Башир Ахмад сахиб.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го пратил хазрети Мус’аб бин ‘Умаир во Медина да ја проповеда пораката на исламот. Хазрети Мус’аб бин ‘Умаир напорно работел на ширење на пораката на исламот и ги следел упатствата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и како резултата на тоа исламот почнал да се шири ви Медина. тоа не му се допаднало на Са’ад бин Муаз и тој настојувал да спречи исламот да биде популарен. Са’ад бин Муаз го пратил Усаид бин Ал-Худаир да го спречи хазрети Мус’аб бин ‘Умаир во ширење на пораката на исламот.

Усаид бин Ал-Худаир бил еден од угледните поглавари на племето Абдул-Ашхал, а неговиот татко бил водач на целото племе Аус во текот на битката кај Бу’атх. Во тоа време Са’ад бин Муаз значајно влијание во своето племе имал и Усаид бин Ал-Худаир. После тоа, Са’ад бин Муаз го охрабрил и го упатил да го посети Мус’аб бин ‘Умаир р.а. и му кажал да престане да ја шири пораката на исламот.

Мус’аб бин ‘Умаир р.а му се обратил со почит и со љубезен тон, и го замолил да го сослуша што има да му каже, пред да го задржи сопственото мислење. Мус’аб бин ‘Умаир р.а., после тоа, го учел Чесниот Кур’ан и го информирал добродушно за исламското учење.

Усаид бин Ал-Худаир толку бил импресиониран од зборувањето на  Мус’аб бин ‘Умаир р.а. што веднаш го прифатил исламот и му кажал дека, ако Са’ад бин Муаз му се придружи на исламот, целото негово племе би го прифатило исламот.

После тоа, Усаид бин Ал-Худаир р.а. го пратил Са’ад бин Муаз кај  Мус’аб бин ‘Умаир р.а..  Мус’аб бин ‘Умаир р.а. му ја пренел пораката на исламот на Са’ад бин Муаз учејќи го Чесниот Кур’ан и на детален начин му ги пренел исламските принципи. Не долго после излагањето на Мус’аб бин ‘Умаир р.а., Са’ад бин Муаз го прифатил исламот. 

После прифаќањето на исламот Са’ад бин Муаз р.а. и Усаид бин Ал-Худаир р.а. се вратиле кај своите племиња и ја пренеле пораката на исламот и во истиот момент членовите на овие племиња го прифатиле исламот.

Хазрети Мирза Башир Амад р.а. пишува:

Са’ад бин Муаз р.а. кај Енасариите заземал положба исто како и хазрети Ебу Бакр р.а. меѓу мухаџирите од Мека. Тој бил исклучително искрен, одан и исклучиво предан кај симпатизерите на исламот и Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.. Не само што бил поглавар на негвовото племне, тој бил и исклучително интелигентен.

Тој стекнал таква позиција во исламот, која не била само различна, туку слична на положбата која ја имале најзначајните асхаби на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Без сомнение, после неговата прерана смрт, зборовите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. биле:

„После смртта на Са’ад бин Муаз р.а. и престолот на Милостивиот Аллах се поместил.“

Овие зборови на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. биле засновани на реална стварност. После искажувањето на уште неколку детали од животот на хазрети Са’ад бин Муаз р.а., хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за хазрети Са’ад бин Муаз р.а. во следната хутба, ако Бог даде.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap