Хутби 2020 

АСХАБИТЕ НА ЧЕСНИОТ ПРАТЕНИК с.а.в.с.

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) продолжи да зборува на темата за асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кои учествувале во битката на Бедр.

Денес хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. зборуваше за животот на хазрети Са’ид бин Заид р.а. и хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а..

Хазрети Саид бин Заид р.а.

Хазрети Са’ид бин Заид р.а. бил син на Заид бин Амр и Фатима бинт Ба’ѓах и му припаѓал на племето Адијј бин Ка’б бин Лу’аии. Според некои неговата титула била Абул А’вар, а според други мислења тој ја носел титулата Абу Савд.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Са’ид бин Заид р.а. бил оженет со сестрата на хазрети Омер р.а.. Таткото на хазрети Са’ид бин Заид р.а. верувал во Еден Бог уште пред доаѓањето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., го следел патот на хазрети Ибрахим а.с. и го осудувал начинот на кој жителите на Мека им се клањале на идолите.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го спомна начинот на кој хазрети Омер р.а. го прифатил исламот.

Додека бил на пат да го убие Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. отишол во куќата на хазрети Са’ид бин Заид р.а. и неговата сопруга, откако сознал дека и тие го прифатиле исламот. Кога пристигнал, слушнал како хазрети Хаббаб бин Ал-Арат р.а. го учи Чесниот Кур’ан и поради тоа се разбеснел. Откако неколку пати ги удрил хазрети Са’ид бин Заид р.а. и неговата сопруга, која била сестра на хазрети Омер р.а., видел како неговата сестра биле целата во крв, застанал и посакал да го добие Чесниот Кур’ан. Неговата сестра пристанала на тоа, но единствено под услов хазрети Омер р.а. да се смири и созеде и да се избања да биде чист. После тоа, го зел Чесниот Кур’ан во раце и откако ги прочитал почетните ајети на сура Ta’ха тие на него оставиле голем впечаток, после што веднаш отишол кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и го прифатил исламот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Са’ид бин Заид р.а. бил меѓу првите мухараџи кои се преселиле во Медина, а Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. воспоставил врска на братство помеѓу него и хазрети Раафи бин Малик р.а..

Според друг хадис братството било воспоставено помеѓу хазрети Са’ид бин Заид р.а. и хазрети Убајј бин Ка’б р.а..

Хазрети Са’ид бин Заид р.а. не бил во состојба да учествува во битката кај Бедр бидејќи Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го пратил во извидничка мисија.

И покрај тоа, Чесниот пратеник Мухаммед с.а.в.с. го вброил меѓу асхабите од Бедр и му доделил дел од воениот плен.

Хазрети Са’ид бин Заид р.а. бил меѓу десетте личности на кои им била дадена радосна вест и гаранција за Џеннетот.

Десеттемина кои бил заслужни за тоа се: хазрети Абу Бакр р.а., хазрети Омер р.а., хазрети Осман р.а., хазрети Али р.а., хазрети Талха р.а., хазрети Зубеир р.а., хазрети  ‘Абдурахман бин ‘Ауф р.а., хазрети Са’д бин Абу Вакас р.а., хазрети Са’ид бин Заид р.а. и хазрети Абу Убаиде бин Ѓарах р.а..

Хазрети Са’ид бин Заид р.а. почина во 50 (51) година после Хиџра на возраст од 70 години во Акик, во близина на Медина. Имал 10 синови и 19 ќерки.

Хазрети Абдур  Рахман бин Ауф р.а.

Следни асхаб кој го спомна хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. беше хазрети ‘Абдурахман бин ‘Ауф р.а.. Пред да го прифати исламот неговото име било Абди Амр, а некои го запишале како Абдул Ка’бах. Му припаѓал на племето Бану Зухра Килаба. Забележано е дека за време на битката  на Ухуд му била повредена едната нога.

Хазрети ‘Абдурахман бин ‘Ауф р.а. бил еден од  десетте личности на кои им била дадена радосна вест и гаранција за Џеннетот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе дека хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а. бил роден десет години после годината на слонот. Бил еден од ретките кои во време на незнаењето се воздржале од консумирање на алкохол.

Хазрети ‘Абдур Рахман бин ‘Ауф р.а. бил еден од првите осум личности кои го прифатиле исламот и учествувал во двете миграции кои се случиле во Абисинија.

Хазрети ‘Абдурахман бин ‘Ауф р.а. пренесува дека Семоќниот Аллах го благословил во размената на стоки и трговијата, и се пренесува дека дури и кога подигал камен имало голема веројатност дека под него ќе најде злато.

Хазрети ‘Абдурахман бин ‘Ауф р.а. учествувал во сите битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. спомна за еден инцидент кој се случил за време на битката на Бедр.

За време на битката двајца млади му пришле на хазрети ‘Абдурахман бин ‘Ауф р.а. и го замолиле да им каже кој е Ебу Џехел. Пред да ја спушти својата рака, покажувајќи со прст кон Ебу Џехел, бил сведок како двајцата млади лица како орли прелетале низ Меканските редови кон Ебу Џехел и го удриле. После тоа, хазрети Абдуллах бин Мас’уд р.а. го окончал живото на ранетиот Ебу Џехел.

На овој начин, водачот на противниците бил убиен уште пред да почне битката официјално да се одвива.  Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека ќе продолжи во иднина да зборува за хазрети ‘Абдурахман бин ‘Ауф р.а., ако даде Бог.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap