Хутби 2020 

АСХАБИТЕ НА ЧЕСНИОТ ПРАТЕНИК с.а.в.с.

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека пред две недели зборувал за хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. и дека во оваа хутба ќе продолжи да зборува за него и за неговите дела.

Преставувал пример за слуга на исламот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека била воена состојба, и во тоа време во притвор се наоѓал затвореник по име хазрети Са’ад бин Ебу Веккас, кој бил притворен поради консумирање на алкохол. (Во тоа време затворите не биле како денешните. Затворениците биле затварани и чувани во соба а надвор ги чувача стража.)

Кога овој затвореник дознал дека е воена состојба и дека се води војна изразил големо жалење поради фактот дека не бил во состојба да им помогне на муслиманите во борба.

Еден ден поминувала сопругата на хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. покрај затворот и го слушнала како нејзиниот сопруг говори и изразува жалење поради тоа што не можел да се бори на страната на муслиманите во овој џихад. Таа влегла во собата и го ослободила со ветување дека храбро ќе им помогне на муслиманите во борбите.

Поле тоа тој заминал на боиштето, се борел храбро против непријателите и дал голем придонес во борбата за напредокот на муслиманите.

Хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а.  го препознал и подоцна рекол дека ќе го казни оној кој го ослободил затвореникот. Неговата жена потврдила дека таа го ослободила сопругот од причини што тој бил многу храбар во борбите и го напаѓал непријателот без било каква страв, дека тоа го направил поради добро на исламот, но и тоа дека тој може да ја казни на секаков начин.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. кажа дека хазрети Муслех Мауд р.а. овој настан го преставил во текот на обраќањето кон жените на Џемаатот како би ги покажал услугите и жртвите на однесувањата на жените во минатите периоди.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, откако ја оствариле победата во Кадисија, муслиманите го освоиле и Вавилон – град во денешен Ирак – град кој во Чесниот Кур’ан често се спомнува во врска со Харут и Марут, а во модерно време се нарекува Куфа. Тоа е истото место на кое Нимруд го заробил Ибрахим а.с..

Исполнување на претскажувањето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе како муслиманите го освоиле Мидијан, преминувајќи преку реката Тигар, и како резултат на нивната победа ги покориле големите бели дворци на Кисра (Chosroes).

На тој начин претскажувањето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., кој добил во време во битката кај рововите, кое се однесува на  хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. – дека ги видел белите кули на Мидијана како паѓаат – и на тој начин се исполнило ова претскажување.

Гледајќи го ова хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. ги проучил следните ајети:

        „Колку градини и извори оставиле зад нив! И посеви и чесни места! И благодати во кои уживале! Било вака, и Ние        направивме друг народ ова да го наследи.“               (44: 26-29)

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. му напишал писмо на хазрети Омер р.а. да продолжи со војувањето, на што хазрети Омер р.а. одговорил дека не треба да се продолжи со војувањето и дека треба да се работи на организација и имплементација на системот во освоеното подрачје.

На тој начин хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а почнал да воспоставува напредно Мидијанско општество и цивилизација.

Хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а го основал Куфа, град надвор од Мидијана, во кој се населиле разни арапски племиња и таму изградил џамија.

Лажни обвинувања против хазрети Саад бин Ебу Веккас р.а

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. спомна дека во една прилика некои луѓе објавиле лажни обвинувања кои се однесувале на начинот на кој хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. клањал намази.

Хазрети Омер р.а. го истражил тоа, а хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. одговорил на тоа дека, кога го видел како Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги клања намазите, тој ги следел сите негови постапки.

Хазрети Омер р.а. пратил свои луѓе во Куфа да го истражат тоа, и тие отишле во сите џамии во кои хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. клањал намази, и сите кои биле испратени за таа цел го ценеле начинот на кој хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. ги клања намазите.

После тоа, дознале дека мала група на заговорници ги дале тие лажни тврдења. Некои дури и лажно го обвиниле дека хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. сака да војува со нив.

Хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. бил многу повреден со овие лажни обвиненија, велејќи дека тој бил првиот кој истрелал поради исламот, и бил запрепастен зошто такви лажни обвинувања се водат против него.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. бил во одборот за избор на Халифа, а за тоа се избираат луѓе  на кои Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. им праќал радосни вести за Џеннетот во текот на нивниот живот.

Поддршката на хазрети Саад бин Ебу Веккас р.а. кон хазрети Али р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во текот на нередите, или несогласувањата, кои почнале во времето на хазрети Осман р.а., или битката помеѓу хазрети Али р.а. и Му’авиј во која Му’авиј побарал помош против хазрети Али р.а., хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. секогаш бил за Халифатот и го бранел хазрети Осман р.а. и хазрети Али р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го наведе инцидентот во кој Амир Му’виј го прашал хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. зошто не му помогнал во судирот против хазрети Али р.а.. Хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. му одговорил дека тоа го направил поради три работи кои Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му ги кажал на хазрети Али р.а., и дека ако би добил само една од тие работи тоа би било најголемо богатство за него.

Првата се однесува на тоа што, при една прилика на одење на џихад, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го оставил хазрети Али р.а. да биде главен и одговорен за градот. Кога хазрети Али р.а. го прашал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. зошто го оставил на таа задача, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека има иста врска со него како што Харун а.с. имал со Муса а.с., освен таа разлика што тој (хазрети Али р.а.) нема улога на пратеник.

Втората се однесува на битката кај рововите, и во тоа време Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека исламското знаме ќе го даде на личност која го сака Бог и Неговиот Пратеник с.а.в.с., а и тие го сакаат него.

Во тој период хазрети Али р.а. добил болест на очите. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. со својата плунка ги премил очите на хазрети Али р.а. и потоа му го предал знамето.

Муслиманите во таа битка однеле победа на непријателот.

Смртта на хазрети Саад бин Ебу Веккас р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе дека синот на хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. изрази тага и страв поради доаѓањето на смртта на својот татко. Хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. го тешел својот син дека му е ветен Џеннетот и дека Аллах џ.ш. не дозволува напорите и жртвите на верникот да пропаднат.
Хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. починал во 55-та година после Хиџра. На неговата џеназа присуствувале некои од жените на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Тој бил последен починат од Мухаџирите. Пред смртта изразил желба да биде закопан во истата облека која ја носел на денот на битката кај Бедр.

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе клања џенази за неколку покојни членови на Џемаатот.

Сафдар Али Гујјар сахиб

Сафдар Али Гујјар сахиб починал на 25 јули. Бил волонтер во Масџид Фазл. Работел доброволно во одделот угостителство Зиафат 30 години. Работел и како пакувач и дистрибутер на весникот Ал Фазл Интернационал. Во целост му бил предан на Халифатот, и поради неговото однесување Халифата го преставил како пример за другите членови.

Пишувал поезија на пенџаб јазикот, имал извонреден глас, а учел и иллахии на Џалса Салана поради што бил многу ценет. Секогаш му благодарел на Аллах џ.ш. за сè што има.

Сметал дека преставува чест да и се служи на верата. Кога и да дознал дека некој поминува низ тешко време ги поттикнувал своите домашни да се молат за него.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во многу од писмата кои ги примал за него се наведува дека имал многу близок однос со сите кои ги познавал, што во денешни услови е многу ретко.

Скоро сите пишувале дека секогаш зборувал за Халифатот, и дека тоа била една од неговите најомилени теми.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му подари најголема љубов и на неговото семејство да му подари смиреност и трпение.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. напомна дека, иако бил доброволец во сите негови активности, работел повеќе од оние кои својот живот го поминале во служба на верата и тоа го одбрале како професија, а тој работел како доброволец во слободното време и успеал да се погрижи за сите потреби на своето семејство.

Иффат Нассер сахиба

Иффат Нассер сахиба, сопруга на Нассер Ахмад Кхана сахиб, почина на 3 мај. После себе остави ќерка и два сина. Еден од нејзините внуци, Басеер Кхан, е вакф и зиндаги кој многу предано работи во МТА.

Нејзините деца му пишувале на Халифата дека таа била редовна во извршувањето на тахаџуд намаз и учењето на Чесниот Кур’ан.

Била претседател на организацијата на локани жени во Пакистан 28 години. Внесувала многу напори да обезбеди луѓето да живеат во хармонија и заедно.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да се смилува на нејзината душа и да овозможи нејзиното потомство да ги исполни нејзините чисти желби.

Абдур Рахим Саки сахиб

Абдур Рахим Саки сахиб почина на 31 март. Бил доброволец во канцеларијата на генералниот секретар на Џемаатот во Велика Британија. На Џемаатот му служел во разни институции, вклучувајќи ги и службите како финансиски секретар и Амир во Тахт Хазара.

Во Пакистан поминал низ големи прогони – неговите дуќани биле ограбувани а неговата куќа била запалена, поради претрпел големи стравови.

После мигрирањето во Велика Британија работел како доброволец. Бил исклучително прецизен. Секојдневно учел по три сури од Чесниот Кур’ан.

Сè на се, бил благословен да служи како доброволец околу 60 години.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да го воздигне неговиот статус на Ахирет и да им даде трпение на неговото семејство.

Суед Ахмад Секал сахиб

Суед Ахмад Секал сахиб починал на 12 април. Бил доброволец во поштенското одделение во канцеларија на приватен секретар.

Редовно извршувал молитви, го сакал Халифатот и бил многу понизен.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. спомна дека ја забележал неговата понизност и посакал и неговото семејство да биде исто.

Последна желба му била да може да му служи на Халифатот до последниот свој ден.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да се смилува над него и да ги прифати неговите молитви во корист на семејството.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap