Хутби 2020 

Асхабите на Чесниот Пратеник с.а.в.с. – хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а.

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) продолжи да зборува за животот и делото на хазрети хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а..

Хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. учествувал во битките кај Бедр, Ухуд, Хендек, Хајбер, во договорот на Худејбија и освојувањето на Мека. Бил многу вешт стрелец.

Хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. пренесува дека морале да поминат преку многу тешки ситуации, и дека во текот на овие битки понекогаш немале ништо за јадење, освен лисја од дрвата.

Саријја ( Експедисција) на Убаид бин Харис

Хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. бил првиот кој пролил крв поради исламот и бил првиот кој истрелала стрела на патот на исламот, и тоа во време на Саријја (експедицијата) на хазрети Убаид бин Харис.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. пратил група на муслимани да дознаат за сплетките кои меканлиите ги планирале против муслиманите. Експедицијата наишла на група меканлии, и дошло до мала размена на стрели во која тие биле исфрлени и од двете страни, но, освен тоа, не дошло до борба меѓу нив.

Саријја ( Експедисција) на Абдуллах бин Ѓахш

Хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. учествувал во експедицијата на Абдуллах бин Ѓахш. И во таа ситуација Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. настојувал да дознае повеќе податоци за тајните планови на меканлиите како би се преземале потребните мерки на претпазливост за заштита на Медина.

Всушност, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не ја информирал групата која се состоела од осуммина муслимани која е целта на нивната експедиција, туку им дал само писмо кое треба да го отворат и прочитаат после два дена од патувањето.

Кога го отвориле писмото дознале дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. сакал групата да оди во Накхла и да ги дознае плановите на меканлиите. Во текот на патувањето хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. и хазрети Утбах р.а. ги изгубиле камилите и не можеле да ги најдат.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. навде дека, според пишувањата на хазрети Мирза Башир Ахмад р.а., тој реагирал на лагите кои се дадени во врска со овој настан, за господинот Марголиоутх кој тврдел дека двојцата асхаби намерно ги загубиле своите камили. Меѓутоа, секој момент од нивниот живот ги побива таквите тврдења и двајцата асхаби секогаш биле доследни во служба на исламот.

Преостанатата група продолжила понатаму и се соочила со група меканлии, и во еден момент почнале да се борат при што убиле еден од непријателите. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил незадоволен бидејќи не ги пратил да се борат, а посебно нè во еден од светите месеци.

Меканлиите побарале да се вратат нивните заробеници кои оваа група ги заробила, но Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се загрижил нешто да не им се случи на хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. и хазрети Утбах р.а., кои се уште не биле вратени. Со тоа наредил да не се пуштат заробениците додека не се вратат неговите двајца асхаби.

Фарис-ул ислам (Јавач на патот кон исламот)

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека во текот на битката кај Бедр, иако бил пешак, хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. се борел храбро до таа мера што подоцна станал познат како Фарис-ул ислам (Јавач на патот кон исламот).

Храброста во битката кај Ухуд

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. кажа дека во битката кај Ухуд братот на хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. се борел на страната на меканлиите и дека тој го ранил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. При тоа ранување Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. изгубил два заба. Хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. рекол дека после овој настан имал огромна желба да го убие својот брат како никогаш порано кога имал таква желба за било кој друг. Меѓутоа, тој се откажал од својата намера кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му наредил тоа да не го прави.

„Нека моите родители бидат жртвувани наместо тебе“

Постои хадис во кој се наведува дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му давал стрели на хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а., во текот на битката кај Ухуд, а тој постојано ги истрелувал на непријателот.

Исто така, се пренесува дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. му рекол:

„Нека моите родители бидат жртвувани наместо тебе, продолжи да ги истрелуваш стрелите.“

Ова било голема чест за Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. што ги изговорил овие зборови, и се кажува дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. овие зборови може да ги каже на хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. и можеби уште на еден асхаб.

Хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. во битката кај Ухуд истрелал илјада стрели.

Поука и давање на садака

Во време на говорот на Худејбија, хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. бил еден од сведоците и еден од оние кои го потпишале договорот. Во текот на освојувањето на Мека хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. држел едно од трите знамиња на Мухамџирите.

Во време на разделбата за Хаџџ тој се разболел. Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. отишол да го посети, се зборува дека хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. имал само една ќерка, како наследничка, и го прашал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дали може две третини од својот имот да го даде како садака. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тоа го одбил. После тоа, хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. дали може да даде половина од својот имот како садака, но и тоа Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го одбил. На сето тоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол и дека една третина е многу и дека најдобро е целиот свој имот треба да го остави на своите деца, а не да ги остави сиромашни и да бараат пари под други, и дека Семоќниот Аллах ќе ги прифати сите нивни трошоци.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му рекол дека ќе живее подолго од него и дека народот ќе има корист од него.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. објасни и други работи кои се однесуваат на тоа дел од богатството да се даде на садака, цитирајќи неколку хадиси во кои Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. нагласил дека некои го даваат своето богатство за садака, но, потоа остануваат сиромашни. Тоа значи, дека милостината (садака) треба да се дава од вишокот на имотот.

Битката на Касиди

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе хадис во кој се кажува дека во една прилика, во текот на лов, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја ставил раката на хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. и почнал да се моли:

„О Аллах, не дозволувај неговата цел никогаш да не биде промашена.“

Хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. имал сјајни и прецизни раце во остварување на победата на исламот во различни делови од Ирак.

Кога војската требало да излезе да се бори против војската на Кисра (Кхосреос), во времето на хазрети Омер р.а., хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. бил избран да ја предводи муслиманската војска.

Хазрети Омер р.а. го фалел хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. велејќи дека е ’храбар човек и одличен стрелец‘.

Хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. предводел војска од 30 000 луѓе до Кадасија. Прво, според упатите на хазрети Омер р.а., муслиманите го повикале кралот Јаздергерт и неверниците да го прифатат исламот. Меѓутоа, кралот на тоа одговорил дека муслиманите се ниска нација и слаб народ кој се однесува како дивите ѕверови, и на муслиманите им понудил доволно храна и облека да живеат пријатен живот, а за возврат побарал да го остават на мир неговиот народ и тој да продолжи да освојува територии во своја корист.

Меѓутоа, муслиманите на тоа одговориле дека, иако порано биле токму такви како што тој ги опишал, сега покрај благословите на Аллах џ.ш. и неговата милост немаат потреба од такви овоземски потреби. Тоа го разлутило кракот Јаздегерд кој рекол дека поради тоа сигурно ќе се случи битка помеѓу нив. Во наредните години муслиманите донеле победа на исламот над Иран.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека оваа промена која се случила кај муслиманите е поради учењата во Чесниот Кур’ан, и тоа имало длабоко влијание кај нивните срца, како на луѓе кои порано немале склоност кон Бог.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека следните детали кои се однесуваат на животот на хазрети Са’ад бин Ебу Веккас р.а. ќе бидат пренесени во следната хутба.

Џеназа намази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе клања џеназа во отсуство на следните членови:

Бусхра Акрам сахиба, сопруга на Мухаммед Акрам Бајва сахиб, Назир Та’лимул Кур’ан и вакф Азра во Рабва, Пакистан.

Бусхра Акрам сахиба починала на 25 март. После себе оставила два сина и две ќерки. Со сопругот поминала 25 години во Либерија каде што била претседателка на Здружението на жени. Иако во последните 15 години неколку пати боледувала од маларија и тифус, се докажала како верна сопруга и пружила извонредна служба во Џемаатот. Нејзиното потомство денес е многу поврзано со заедницата како резултат на нејзиното воспитување и вложениот труд.

Нека Аллах џ.ш. ги прифати нејзините молитви за потомството и нека се смилува над нејзината душа.

Икбал Ахмад Насир почина на 14 јули. Неговиот син служи како мисионер во Буркина фасо. Тој бил син на асхаб на ветениот Месија а.с.. Бил активен член на Заедницата, служел во разни одбори, вклучувајќи го министерството за финансии. Според неговите заслуги многумина и се придружиле на Заедницата. После себе оставил сопруга, три сина и три ќерки. Кога ја посетил Буркина фасо, иако не го познавал локалниот јазик, покажал огромна љубов и внимание кон сите и ги придобил на свој начин.

Нека Аллах џ.ш. се смилува над неговата душа.

Гхулам Фатима Фахмида сахиба, сопруга на Мухаммед Ибрахим сахиб од Азад Кашмир.

Гхулам Фатима Фахмида сахиба почина на 18 јули. после подолга болест. Нејзиното потомство се покажа како многу праведно и благородно поради нејзиното добро однесување.

И самата била многу редовна во извршувањето на ноќните намази. Била многу стрплива. Нејзиниот сопруг бил затворан два пати, еднаш без било какви информации и вести за него. Дури му била клањана џеназа во отсуство. Со Аллаховата милост подоцна бил ослободен од затвор. Во сите такви ситуации таа покажувала големо трпение при секој чекор. После себе го оставила својот сопруг, четири сина и две ќерки. Тројца од нејзините синови се вакф и зиндаги.

Нека Аллах се смилува над нејзината душа и нека овозможи на потомството да продолжи да прави добри дела така да и нејзините дела останат живи.

Мухаммад Ахмад Анвар сахиб Хјудерабади почина на 20 мај. Имал чест да учи езан на Минаратулу Масих во Кадијана. Служел во средната школа Та’лимул Ислам, исто така, служел во Гамбија и во многу други места. Работел како претседател на Дарул Каза, арбитражен одбор во Германија.

Нека Аллах џ.ш. се смилува над неговата душа.

Салим Хассан Ел Ѓаби од Сирија починал на 30 јуни. Ахмадијатот го прифатил откако во сон го видел Ветениот Месија а.с. и дал заклетва на неговата рака во сон. Покасно, откако ја видел сликата на Ветениот Месија а.с. службено го прифатил Ахмадијатот. Секогаш и учел своите деца да останат поврзани со Заедницата и со Халифатот.

Постојано советувал да се биде подалеку од било какви иновации и своите деца ги упатувал да ја шират пораката на вистинскиот ислам. Многумина, поради него, го прифатиле исламот и Ахмадијатот. Изразувал голема љубов кон Ахмадијатот и Халифатот и посакувал кога дојде времето за неговата смрт да биде со Халифатот.

Преведувал книги на арапски јазик.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ја забележал неговата понизност и искреност која ја покажал кога се состанал со него. Нека Аллах џ.ш. овозможи неговото потомство да продолжи неговите доблести да останат живи.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap