ВЕСТИ Хутби 2020 

Асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.

По проучениот шехадет, та‘уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече:

Името на асхабот кој учествувал во битката на Бедр, и за кој денес ќе зборувам е хазрети Талха бин Убаидуллах р.а.. Хазрети Талха р.а. му припаѓал на племето Тајм бин Муррах. Прекарот (титула) на хазрети Талха р.а. бил Абу Мухаммед. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го одредил за гувернер на Бахреин и таму служел сè до смртта. Починал во четиринаесеттата година по Хиџра, во време на Халифатот на хазрети Омер р.а..

Потеклото на хазрети Талха р.а. се поврзува со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. од седмата генерација, преку Муррах бин Ка‘б. Неговиот татко ‘Убаидуллах, не бил жив кога се појавил исламот, меѓутоа, неговата мајка долго живеела и имала прилика да го прифати Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и се здобила со честа да биде прва жена асхаб. Исламот го прифатила пред иселувањето од Мека во Медина.

Хазрети Талха р.а. учествувал во битката на Ухуд, и во сите останати битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.

Исто така, бил присутен за време на создавање на договорот на Худејбија. Бил меѓу десетте луѓе на кои Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во текот на својот живот им ја дал радосната вест за Џеннетот. Исто така, бил меѓу првите осум луѓе кои го прифатиле исламот и тој се наоѓа меѓу пет кои исламот го прифатиле поради проповедите на Абу Бакр р.а.. Бил меѓу шестмината членови на одборот за Шура кој го основал хазрети Омер р.а.. Бил меѓу оние благословени асхаби со кои Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил задоволен во време на својата смрт.

За прифаќањето на исламот, хазрети Талха бин р.а. вели:

„Јас бев во Бусра (стариот град во Сирија), кога свештеникот од Синагогата зборуваше дека ова е месец во кој ветениот Ахмад ќе се појави и тој ќе биде последен Пратеник, неговото доаѓање ќе се случи во Мека и неговото преселување ќе биде во место со полиња на урми, со каменита земја, неплодна и слана. Не напуштајте го.“

Хазрети Талха р.а. бил длабоко допрен со оваа тврдење. Веднаш тргнал за Мека и отишол кај хазрети Абу Бекир р.а. и го прашал за доаѓањето на пратеникот. Кога Абу Бекир р.а. потврдил дека го прифатил Пратеникот, хазрети Талха р.а. го прифатил исламот и го известил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. за зборовите на свештеникот. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кога тоа го слушнал бил задоволен.

После тоа, кон семејството на хазрети Талха бин Убаидуллах р.а. се однесувале грдо и биле присилени низ Мека да одат со врзани раце. Кога хазрети Талха р.а. и хазрети Зубаир р.а. го прифатиле исламот во Мека, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. помеѓу нив двајцата воспоставил братска врска пред преселувањето.  Откако муслиманите се преселиле во Медина, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. воспоставил братска врска помеѓу хазрети Талха р.а. и друг асхаб од Медина.

Хазрети Талха бин Убаидуллах р.а. бил великодушна личност а Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му доделил титула ’Фајсија‘ (великодушен), откако го купил бунарот со вода и го отстапил на сите останати. Бил дарежлив и сите свои работи ги делел со другите.

Услугите на хазрети Талха бин Убаидуллах р.а. за време на битката на Ухуд биле за пример и биле единствени. На Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му помагал да се качи на камила така што клекнувал на земја за да Чесниот Пратеник с.а.в.с. застане на него кога се спуштал на земја.

Во текот на битката на Ухуд, муслиманите на планинскиот премин напуштиле важно место, сметајќи дека победиле. Војската на Мека видела прилика и веднаш ги нападнала муслиманите. Со таков  неочекуван напад муслиманите се разбегале и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. останал само со неколку асхаби кои го штителе. Хазрети Талха бин Убаидуллах р.а. видел дека непријателските стрели одат кон лицето на Чесниот Пратеник с.а.в.с. и ги ставил рацете пред Чесниот Пратеник с.а.в.с. заштитувајќи го од непријателските стрели. Поради тоа раката му била тешко повредена и како последица на повредата на шаката му останала неподвижна.

Долго по битката на Ухуд, некој го прашал Талха р.а.:

„Зарем раката со стрели во неа не те болеше и зарем од болка не се расплака?“

Талха р.а. одговорил:

„Навистина ме болеше и за малку ќе се расплачев од тоа, но се воздржав бидејќи знаев дека ако мојата рака и малку затрепереше лицето на Пратеникот с.а.в.с. ќе беше изложено на непријателските стрели.“

Талха бин Убаидуллах р.а. бил силен војник и секогаш бил подготвен за борба, дури и кога бил тешко ранет. Бил побожна личност ја добил радосната вест за Џеннетот, додека сè уште бил на овој свет.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. еднаш рекол:

„Кој сака лично да види шехид, треба да го види Талха бин Убаидуллах.“

Талха бин Убаидуллах р.а. од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил означен како многу примерен муслиман, кој ја исполнил својата заклетва.

Хазрети Талха р.а. станал шехид во битката Ѓанг и Ѓамал (битка со камили) на 10 Џемаул Санија, во 36-та година по Хиџра. Кога станал шехид, хазрети Талха р.а. имал 64 години, додека според други хадис имал 62 години.

Хазрети Талха бин Убаидуллах р.а. бил дарежлив човек и се грижел за сирачињата и вдовиците. Бил многу богат човек, а по смртта оставил 2,2 милиони драхми и 200.000 динари. Како што е спомнато, тој е убиен во Ѓанг и Ѓамал, а ако Бог даде за деталите на тоа ќе зборувам во иднина бидејќи за тие настани е потребен подетален опис.

Како што спомнав во претходна хутба, сите би требало да се придржуваат до мерките на претпазливост против оваа моментална пандемија на корона вирус. Исто така, треба да бидете претпазливи кога одите во џамија. Ако некој има и малку зголемена температура, или има болка треба да се воздржи од јавни места. Треба самите да се заштитиме како и да ги заштитиме и другите. Посебно внимание треба да обрнеме на молитвата. Нека Возвишениот Аллах го заштити светот од оваа несреќа.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap